Marriott и Starwood се спојуваат со што настанува најголемата светска хотелска компанија
Објавено на од во Компании
Marriott

Американскиот ланец хотели Marriott International и Starwood Hotels склучија договор вреден 12,2 милијарди долари со кој ќе ја создадат најголемата светска хотелска компанија.

Управите на овие компании „едногласно се договорија“ дека Marriott ќе го купи Starwood, јавува BBC. Marriott ќе исплати 11,9 милијарди долари во акции, а остатокот од сумата ќе го плати во готовина, а завршувањето на преземањето се очекува да се случи до средината на следната година.

Со овој договор ќе се спојат 19 брендови на Marriott, вклучувајќи ги и Ritz-Carlton иFairfield Inn, со ланецот хотели на Starwood меѓу кои и Westin, W и St. Regis. Двете компании заедно ќе имаат повеќе од 5.500 хотели со 1,1 милион соби и 2,7 милијарди долари приход.

Со спојувањето, компаниите ќе го преземат водечкото место од британскиот ланец хотели InterContinental Hotels, кој има нешто помалку од 5.000 хотели.

Извршниот директор на Marriott, Арн Соренсон, кој ќе биде на чело на новата групација, рече дека двете компании се надеваат дека ќе станат „омилена светска туристичка компанија“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×