Мартенс: Северна Македонија е одлична локација за германските инвеститори
Објавено на од во Економија
Македонија е одлична локација за германските инвеститори што се покажа во изминатите 10 години.
германска комораГерманските компании кои работат во земјата се задоволни од условите, тие вработуваат повеќе од 20.000 лица, а веќе повеќето од нив официјално соопштија дека сакаат да ги големат своите инвестиции, како на пример ОДВ Електрик, Костал, Кеслер, порача Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија на тркалезна маса во Берлин каде учествуваше заедно со министерот за странски инвестиции, Бардул Даути.
На тркалезната маса присуствуваа и претставници од шест германски компании,  од кои дел веќе инвестирале во земјава и сакаа да се информираат за понатамошните можности за инвестирање, а дел сакаа да се запознаат со можностите кои ги нуди Северна Македонија за новите инвеститори.
Како што информираат од Германската стопанска комора во Северна Македонија, Мартенс заедно со министерот Даути во Берлин се сретнал со Волкер Трајер, директор на Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин, Хелге Толксдорф, шеф на одделението за проширување на ЕУ, Југоисточна Европа и Турција, Макси Хулсен, раководител на Одделението за Источна и Југоисточна Европа, Централна Азија во Германската комора за индустрија и трговија и Ања Квиринг, регионален директор на Источниот комитет- здружение на источна Европа на германското стопанство, во Берлин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×