МАСИТ ја најави конференцијата „ИКТ во Агрибизнисот“  
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Конференција „ИКТ во Агробизнисот“, во организација на МАСИТ- Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, во соработка со АгФутура Технологии и ПроКредит Банка, ќе се одржи во Скопје, во хотелот Александар Палас, на 23 и 24 ноември.

МАСИТ ја најавува својата 14-та годишна конференција, овој пат со амбиција по втор пат да ги донесе на едно место двата сектори (ИКТ и Агробизнис) и да адресира релевантни теми од интерес,актуелни последниве години.

Целта на конференцијата е да се зближат двете индустрии за подобро да ги разберат своите потреби и барања, со цел да се олесни влезот на ИКТ индустријата на пазарот и да им се овозможи на фармерите и агрокомпаниите да дознаат на кој начин може ги стават технологиите во фунција на остварување на подобра конкурентност и зголемена профитабилност.

Основните прашања што ќе бидат отворени на конференцијата ќе бидат во насока како двете индустрии да соработуваат поблиску во секојдневното работење и како да постигнат максимален бенефит од остварената соработка. Ќе се дискутира за тоа како имплементирањето на ИКТ решенија може да им помогне на фармерите да го развијат својот бизнис. Ќе бидат претставени многу успешни приказни и решенија. Поканети се голем број на претставници од институциите од агробизнинс и ИТ индустријата, а ќе присуствуваат и голем број компании од агробизнисот и ИТ од земјава и регионот.

Со цел истите да навлезат во директни дискусии, ќе бидат организирани и Б2Б состаноци. Учесниците на конференцијата ќе имаат можност да бидат дел од дводневните конференциски презентации од страна на ИКТ, и експерти од областа на агробизнисот, организирани во неколку сесии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×