МАСИТ ќе ги наградува домашните иновативни ИКТ решенија
Објавено на од во Економија

Poster_MASITСтопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2018 година.

МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) првонаградените решенија ќе ги номинира на 2018 WITSA Global ICT Excellence Awards, еден од најголемите светски конгреси за ИТ што ќе се одржи од 19 до 21 февруари 2018 година во Xидерабад, Индија.

Повикот за учество во изборот е отворен за сите членки компании на МАСИТ, но и за ИКТ компаниите кои сè уште не се дел од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии. Своите решенија компаниите може да ги номинираат во повеќе категории како што се: иновативни ИКТ решенија во јавниот сектор, решение за дигитални можности, решение за одржлив раст, извонредни мобилни решенија, иновативни решенија во здравството, WITSA награда за нови дигитални решенија, награда за дигитална инклузија.

WITSA 2018 Global ICT Excellence Awards е еден од најпрестижните глобални настани од ИТ областа, а компаниите кои ја имаат можноста да присуствуваат и да се натпреваруваат на овој настан добиваат пристап до значајни партнери и вендори.

Право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат готови сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија. Решенијата може да се достават до комората најдоцна до 21 ноември, а пријавените компании ќе ги презентираат своите решенија на јавен настан организиран од МАСИТ на кој ќе биде извршен и изборот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×