МАСИТ организира конференција „Информатички технологии во Агробизнисoт“
Објавено на од во Компании
BANER SEEITA 2015

Со цел да се соберат сите чинители од Информатичките технологии (ИТ) и агробизнис индустријата на едно место, да се претстават трендовите во двете индустрии, да се идентификуваат можностите за соработка, размена на искуства и најдобри практики, како и да се олесни и поттикне меѓусебната соработка, МАСИТ- Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии на 25 – 26.овој месец организира конференцијата со наслов „ИКТ во Агробизнисот“.

Основните прашања кои ќе бидат покренати на конференцијата ќе бидат во насока како двете индустрии да соработуваат поблиску во секојдневното работење и како да постигнат максимален бенефит од остварената соработка.

Оваа година ќе бидат присутни министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Министер за информатички и комуникациски технологии и администрација, директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Директор на УСАИД мисија во Македонија, претставници од компаниите од земјоделската и ИТ индустријата, претставници од сертификациските тела, донаторската заедница, претставници од регионалните ИТ и агро комори, претставници од индустрии кои нудат поддршка за овие индустрии итн.

Последна Агенда за конференцијата можете да најдете на следниот линк: http://seeita.org/?Conference_program2015

Повеќе информации околу конференцијата можете да најдете на следниот линк: www.seeita.org.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×