Маск заедно со 100 технолошки лидери предупреди на опасноста од роботи-убијци
Објавено на од во hi-tech & business

Во отворено писмо, 116 лидери во индустријата за роботика и за вештачка интелигенција оценија дека смртоносно автономно оружје се заканува да покрене „трета револуција во војувањето“, јави BBC.

Основачот на SpaceX и соосновач на Tesla Motors, Илон Маск, уште претходно ја опиша вештачката интелигенција како „најголема егзистенцијална закана“ за човештвото.

Меѓу потписниците на писмото е и соосновачот на DeepMind, Мустафа Сулејман, на компанијата која развива програма што учи како да игра видео игри на начинот на кој играат луѓето.

Потписниците на ова писмо бараат од Обединетите нации да ја „спречат трката во наоружување“ со смртоносно автономно оружје.

„Еднаш кога ќе биде направено, вооружени конфликти ќе има во размери поголеми од кога и да е, и со брзина што луѓето не можат да ја сфатат. Тоа може да биде оружје на теророт – оружје што деспотите и терористите ќе го користат против невини луѓе, и оружје хакирано да дејствува на непожелен начин“, се наведува во писмото.

Ова оружје на иднината, наречено „роботи-убијци“, се машини програмирани да напаѓаат луѓе или други цели, а што на военото поле ќе работат самостојно.

„Немаме многу време да дејствуваме. Еднаш кога Пандорината кутија ќе биде отворена, ќе биде тешко да ја затвориме“, предупредуваат технолошките лидери.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×