Масовното иселување ја намали стапката на невработеност во Хрватска
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

HrvatskaСтапката на невработеност во Хрватска достигна 10,6% или 189 илјади лица, што е најголем пад на невработеноста во споредба со останатите земји членки на Европската унија (ЕУ). Но, овие податоци никој не ги истакнува како економски успех, туку како алармантна последица на се помасовното иселување на младите и работоспособни лица од земјата.

Хрватските експерти за труд посочуваат дека ова ниво на намалување на невработеноста во Хрватска не е забележано во текот на последните две децении.
Иако бројот на регистрирани невработени лица во Хрватскиот завод за вработување во изминатите 12 месеци се намалил за околу 52.000, факт е дека бројот на вработени граѓани во земјата не се зголемува.
Напротив, бројот на работно активните жители во текот на последната година се намалил за 76.000 или за 4,6%, потенцираат аналитичарите.

Од почетокот на 2014 година до крајот на третиот квартал од 2016 година, само во Германија трајно се отселиле 128.000 хрватски државјани, покажуваат најновите податоци.
Според некои други домашни проценки, бројот на иселени од Хрватска во текот на последните четири години е поголем од 200.000, па не е чудно што на хрватската берза за работа се помалку лица се пријавени.
Од друга страна, бројот на вработени во Хрватска, веќе со години е на истото ниво и изнесува околу 1,5 милиони, пренесуваат хрватските портали.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×