Мате Римац – антипод на хрватскиот бизнисмен
Објавено на од во Автомобилизам

 

Rimac WEB 978Мате Римац е дефинитивно чудо за Хрватска. Но, луѓето баш и не веруваат во чуда, па заради тоа и разбирливо има и многу скепса околу неговиот развој и успех. 
Луѓето кои го познаваат велат дека се работи за човек кој е претприемач во сржта. Тој фанатично ја следи неговата визија и ќе ја следи се до крај, за разлика од многумина кои да се негово место одамна би ја продале компанијата, која пред помалку од 10 години почна во гаража, а денес се проценува на 70 милиони евра, и би уживале на некој егзотичен остров.

 

Матe Римац, кого јавноста во регионот го знае пред се како производител на еден од најнапредниот супер автомобил во светот, тешко може да се вклопи во хрватското општество, а уште помалку хрватската бизнис заедница.

Тој е антипод на домашниот хрватски претприемач создаден во мракот на приватизацијата од 90-тите години.
Половина од таквите претприемачи веќе исчезнаа од економската карта, бидејќи едноставно ги извлекоа парите и ги збришаа од фирмите, додека многумина се уште се борат, но слично како и Ивица Тодориќ, газдата на големиот Агрокор, полека и сигурно ја губат пазарната битка.

Главната причина за тоа е што тие се главно луѓе без визија, на кои некој друг им го финансирал почетокот во бизнисот, а кои како основа за успех го гледаат исклучиво профитот и физичкиот развој на компанијата.
Она што е важно, е запоставено, како иновациите, подоброто управување, барање предност над конкуренцијата преку специјална услуга или производ…

Односот кон вработените не треба ни да се споменува, тие се само средство за постигнување на целта, и со оглед на тоа што целта е чисто профит, работникот е логичен трошок.
Мате Римац нуди нешто друго. Профитот засега му е секундарен и ќе произлезе како последица на доброто работење, а хоризонтот кој тој го гледа е далеку најмалку дваесет години.

Мала фирма базирана на знаење и иновации

Растот на бизнисот на Римац Автомобили за хрватски е одличен, иако во светот има многу такви примери. Станува збор за нова компанија базирана на страст и визија на основачот, базирана на знаења и иновации, како и паралелно донесување на исправни деловни одлуки во текот на последните десет години од нејзиното постоење, споредливи со почетниот раст на денешните водечки светски компании како Мајкрософт или Амазон.

Иако употребата на електрични кола и мотори одамна е на високо ниво, Римац Автомобили придонесоа тоа да се зголеми до уште поголем степен. Со бројни иновации и унапредување на електричните компоненти, сè е врвно усогласено во еден производ, суперавтомобил кој всушност служи како рекламен примерок на потенцијалот на неговите креатори инженери.

Бројот на вработени достигна тим од 400 високо мотивирани експерти, додека пред три години се движеше околу 100. За разлика од многу други производители на опрема, Римац Автомобили, буквално во сопствена режија ја развиваа секоја компонента на автомобилот, кои подоцна може да се применат и во други индустрии. Батериски состави, мотори, управувачки софтвер, менувачки склоп, буквално секоја компонента се создава во една мала компанија, а притоа многу е важно што се се развива и тестира паралелно.
Вертикалната интеграција на сите производи носи неспоредлива компаративна предност во однос на конкуренцијата. Технолошкото ниво на секоја од компонентите е неверојатно, дури и за компании со многу подолго искуство.

Rimac WEB 978 01Влезот на Порше

Големите производители на автомобили денес развиваат просечен автомобил и склопуваат делови произведени на друго место, додека специјализираните производители прават малку подобар и поскап производ. За разлика од Тесла, кој веројатно погреши со прераниот влез во масовно производство на електрични автомобили, Римац се одлучи за развој на нови решенија кои од него веќе ги купуваат масовни производители, а од секоја продадена компонента дел ќе оди во Римац Автомобили. За исчекор во масовно производство треба да се преземе значителен ризик, а засега хрватскиот пазар на капитал и пазарот на работна сила немаат доволно сила да го поддржат во тој чекор.

Успехот на Римац сигурно го потврдува и купувањето на десет проценти од акциите во Римац Автомобили од страна на “Порше”, кој е врв во светската авто-индустрија, но очигледно видела дека го нема она што го има Римац Автомобили. Од минатото, е позната соработка на Римац Автомобили со Aston Martin, Renault, Brembo и други.

Чудо за Хрватска

Мате Римац е дефинитивно чудо за Хрватска. Но, луѓето баш и не веруваат во чуда, па заради тоа и разбирливо има и многу скепса околу неговиот развој и успех.
Луѓето кои го познаваат велат дека се работи за човек кој е претприемач во сржта. Тој фанатично ја следи неговата визија и ќе ја следи до крајот. Но, има и такви кои да се на негово место досега би ја продале компанијата и би уживале некаде на некој егзотичен остров.
И ако пред десетина години тој излезе буквално од гаража, денес неговиот супер брз автомобил Concept_One и C_Two се ѕвезди за кој се интересира светската автомобилска елита, а неговата компанија се проценува на 70 милиони евра.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×