Матис: Одобрувањето на договорот од Преспа ќе го обезбеди местото на земјата во НАТО
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Matis 4 Секретарот за одбрана на Соединетите американски држави Џејмс Матис кој денеска ја посети земјава, во своето обраќање пред новинарите и македонската јавност се заблагодари за срдечниот пречек и за продуктивните разговори на средбите.

Тој на заедничката прес-конференција со претседателот на Владата, Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска оцени дека оваа посета и пријателските разговори се потврда на силна взаемна поддршка на двете земји како стратешки партнери што споделуваат заеднички вредности.

Матис изрази надеж и им оддаде поддршка на сите што се залагаат за успешен исход на референдумот на 30 септември со што, како што рече, граѓаните на Македонија ќе направат уште еден голем историски чекор и што со одобрувањето на договорот од Преспа ќе обезбедат местото на земјата во НАТО, како партнер рамен со сите други земји членки.

Претседателот на Владата придружуван од членовите на владината делегација заедно со Шекеринска, денеска одржаа пленарна сесија на која Матис, беше придружуван од амбасадорот на САД Џејмс Бејли, како и членови на Секретаријатот на одбрана на САД и претставници на американскиот Пентагон.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×