МБПР од сопствени извори одобри 4,9 милиони евра, од ЕИБ 83,5 милиони евра
Објавено на од во Финансии

MBPR-2Бизнисот бара посилна развојна банка

За поддршка на извозните компании, но и малите и средни фирми во земјава од градежништвото, производството, транспортот, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) минатата година преку неколку кредитни линии финансирани од сопствени извори одобрила вкупно 4,9 милиони евра. Во истиот период, МБПР преку деловните банки во земјава продолжи да ја пласира кредитната линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ), од која лани се искористени 83,5 милиони евра за финансирање на вкупно 481 проект. Со основен капитал од 38,6 милиони евра на крајот на минатата година, улогата на државната развојна банка да го поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство преку поддршка на малите и средни трговски друштва е ограничена. За споредба, хрватската развојна банка ХБОР само лани одобрила кредити во вредност од над 1 милијарда евра, кредитното портфолио на словенечката СИД за приватни фирми надминува 600 милиони евра, додека бугарската ББР само лани пласирала вкупно 190 милиони евра за развој на малите и средни фирми.

 

За поддршка на извозните компании, но и малите и средни фирми во земјава од градежништвото, производството, транспортот, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) минатата година преку неколку кредитни линии финансирани од сопствени извори одобрила вкупно 4,9 милиони евра. Во истиот период, МБПР преку деловните банки во земјава продолжи да ја пласира кредитната линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ), од која лани се искористени 83,5 милиони евра за финансирање на вкупно 481 проект. Овие кредити од ЕИБ се наменети за финансирање на основни средства, трајни обртни средства, приоритетни проекти и mid cap компании. Најголем дел од парите лани биле искористени за нови инвестиции, и тоа дури 57,8 милиони евра, додека пак за обртен капитал, МБПР преку деловните банки пласирала околу 20 милиони евра.

Но, и покрај тоа, со основен капитал од 38,6 милиони евра на крајот на минатата година, улогата на државната развојна банка да го поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство преку поддршка на малите и средни трговски друштва е ограничена. За докапитализација на МБПР во последните години властите не ни спомнуваат, додека пак во последната изборна програма од 2014 година, владејачката партија ВМРО ДПМНЕ напиша дека „ќе се изврши докапитализација на МБПР со 10 милиони евра, односно по 2,5 милиони евра годишно. Овие средства ќе бидат на располагање на домашните фирми за две намени: финансирање на производството наменето за извоз и финансирање на земјоделското производство, откуп и извоз на земјоделски производи“.

Од бизнис секторот оценуваат дека државната развојна банка мора постојано да се докапитализира со пари од буџетот за да има силно влијание во олеснување на пристапот на фирмите до свеж капитал и со тоа поттикнување на развојот и отворање на нови работни места.

„Ако секоја година во последните 20 години одвојувавме барем по 10 милиони евра од буџетот за МБПР, сега таа ќе имаше капитал над 2 милијарди евра“, велат домашните бизнисмени жедни за поволни кредити.

Иако веќе неколку години наназад се зборува за реформи во МБПР, тие се оддолжуваат предолго. Со оглед на тоа што МБПР е акционерско друштво во целосна сопственост на државата, таа треба своите средства да ги стави во функција на остварување на стратегијата за развој, а главно како непрофитна банка, што значи да обезбеди поповолни услови на кредитирање во однос на комерцијалните банки и да ги поддржува стопанските активности за кои комерцијалните банки не се заинтересирани, велат бизнисмените.

Освен тоа, тие велат дека на МБПР треба да и се дозволи да издава банкарски гаранции на фирми кои учествуваат на странски тендери, што посебно ќе им помогне на домашните градежни фирми, кои поради преголемата изложеност кон “малите” домашни банки понекогаш не можат да обезбедат банкарска гаранција за да конкурираат за некој поголем тендер.

Бизнисмените велат дека доколку развојната банка се плаши да им биде конкуренција на постојните деловни банки, тогаш банките нема да бидат мотивирани да ги подобрат условите, туку развојната банка само ќе ги потврди нивните позиции на пазарот.

Развојната банка мора да биде корективен фактор за намалување на каматите и за олеснување на условите кои ги нудат банките.

Суштината на постоењето на државните развојни банки е да обезбедат полесен пристап до пари и со поповолни услови отколку условите што ги нудат деловните банки. Смислата на развојната банка е да понуди подолгорочно кредитирање на развојните проекти, за кои деловните банки не се доволно заинтересирани, а имаат поволни ефекти врз економскиот развој.

Business-Credit-34Покрај тоа, развојните банки би требало да поддржуваат и други економски активности, како извозот, изградба на локална инфраструктура, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, кои можат да ја зголемат конкурентноста на домашната економија. Ако не го обезбедува тоа, тогаш се доведува во прашање самото постоење на ваквите државни банки.

МБПР засега нуди три групи на производи наменети за извозниците и тоа: кредитни линии, осигурување на побарувања и факторинг.

Годишниот извештај на МБПР за работењето лани, покажува дека најголем дел од кредитите биле пласирани преку 12 деловни банки, а само мал дел директно до фирмите.

Од сопствени извори на пари, МБПР нуди неколку кредитни линии и тоа: за развој на микро, мали и средни трговски друштва која што нуди заеми од 15.000 до 500.000 евра, со рок на отплата до 11 години со вклучен грејс период до 1 година и камата од 6,5% годишна.

За финансирање на производство наменето за извоз бизнисмените имаат на располагање заеми од 15.000  2 милиони евра преку банки и до 1 милион евра  директно, со рок на отплата до 2 години и камата од 6% годишна.

За финансирање на трајни обртни средства од 30.000 до 300.000 евра, со можност за отплатување до 3 години, додека пак каматата изнесува 6,5% на годишно ниво.

Од четвртата кредитна линија од ЕИБ, достапни се неколку видови на кредити и тоа: инвестициони кредити што достигнуваат сума од 10.000 до 3,5 милиони евра и рок на отплата до 8 години со вклучени 2 години грејс период и годишна камата од 5,5%. За трајни обртни средства, на располагање се заеми од 5.000 до 666.700 евра, со рок на отплата до 3 години и вклучени 6 месеци грејс период. Каматата е исто така 5,5% на годишно ниво.

ЕИБ нуди и кредитна линија за приоритетни проекти од областа на индустријата, образованието, културата, екологијата, и mid cap компании до 6 милиони евра и рок на отплата до 8 години. Овој заем исто така нуди грејс период од најмногу 2 години и камата од 5,5%.

Освен кредити, годишниот извештај на МБПР покажува дека во текот на минатата година, македонските компании побарале осигурување на побарувањата на домашен и странски пазар во вредност од 48 милиони евра. Од нив осигурување на извоз во износ од 42 милиони евра, што преставува зголемување во однос на 2014 година за 4%.

Остатокот од 6 милиони евра е од осигурување на домашни побарувања од краткорочни комерцијални ризици во износ од 6 милиони евра што е за 29% повеќе во споредба со 2014 година.

Најголем дел фирмите, 76,8%, ги осигуриле побарувањата од продажба во регионот, односно во земјите класифицирани во групата Ц каде што спаѓаат Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Србија, Русија, Романија, Малезија, Македонија. Потоа, 21,8% од фирмите извознички побарале осигурување на побарувањата за Германија, Шведска, Италија,Холандија, Франција, Швајцарија, Австрија, Канада, Велика Британија, САД.

МБПР преку услугата факторинг во текот на 2015 година поддржа извоз на 4 македонски извозници кон 5 купувачи кои се лоцирани во 4 земји од регионот и ЕУ.

Како работат развојните банки во регионот?

Хрватската банка за обнова и развој (ХБОР), која е во државна сопственост, постои над 20 години и според последните податоци, само лани преку кредитирање, осигурување на извозните побарувања и издавање на гаранции, поддржала вкупно 2.589 проекти во вкупен износ од 1,72 милијарди евра што е двојно повеќе отколку во 2014 година.

Одобрени се вкупно 2.285 кредити во вредност од 1,08 милијарди евра и тоа е два и пол пати повеќе отколку во 2014 година. Ова е најголемо кредитно портфолио во досегашното работење на хрватската развојна банка, а најактивни корисници биле малите и средни фирми со удел од околу 94% во вкупниот број на одобрени кредити. Од ХБОР информираат и дека минатата година се зголемил уделот на инвестициски кредити во портфолиото на 82%.

Освен за извозниците, долга е листата на кредити што ги одобрува ХБОР за развој. Се одобруваат кредити за изградба на инфраструктура, за подготовки за туристичката сезона, за мали и средни фирми и особено за млади претприемачи, за земјоделски проекти..

Словенечката извозна и развојна банка (СИД), е основана во 1992 година, е извозна кредитна агенција која нуди осигурување, осигурување на извозот, издава гаранции, изработува кредитен и ризичен рејтинг, дава законски и деловни совети, помага при наплата на долгови и факторинг. Словененката извозна кредитна корпорација функционира како приватна финансиска институција, во која најголем акционер е државата, со околу 90% од капиталот. Освен државата, акционери се повеќе банки, осигурителни компании, Стопанската комора на Словенија и поголем број словенечки компании. Покрај основачкиот капитал, СИД има огромна поддршка од државата преку пари обезбедени директно од буџетот.

Според последните информации, до декември лани кредитното портфолио на СИД наменето за небанкарски клиенти изнесува 605,5 милиони евра и во споредба со 2014 година бележи намалување од 5%.

Сличен е планот на банката и за годинава, но со следното објаснување.

„Во 2016 година кредитното портфолио на СИД банката е планирано на околу 1,46 милијарди евра, што значи дека ќе биде помало од крајот на минатата година. Причината за намалување на кредитирањето е високата ликвидност во банките во Словенија и намалените кредитни ризици, така што се намалува побарувачката за кредити од СИД. Кредитите за небанкарските клиенти ќе се фокусираат да им обезбедат финансии за редовно работење и развој“, пишува во планот на СИД за годинава.

Бугарија исто така има државна развојна банка, и според последните податоци, само лани преку три програми за индиректно кредитирање преку деловните банки, лизинг компаниите и земјоделските кредитни кооперации, за поддршка на малиот и среден бизнис, пласирани се околу 190 милиони евра.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×