Медицински преглед од далечина, бугарскиот Телеком започна тестирање на својата 5G мрежа
Објавено на од во hi-tech & business
Бугарскиот Теленор започна серија на практични тестови на 5G мрежа, откако го претстави првиот медицински преглед на пациент во Бугарија, извршен со новата технологија.
теленорСо помош на технологијата ист преглед се правеше од двајца специјалисти – извршниот директор на” Пирогов “проф. д -р Асен Балтов, кој се наоѓаше во седиштето на телекомот во Софија, и проф. д-р Диан Енчев, началник на ‘ Травматологичен комплекс ” кој се наоѓал во својот кабинет.
“Благодарение на оваа револуционерна технологија, пристапот до експертска медицинска грижа ќе биде полесен дури и за оние пациенти кои се наоѓаат на тешко достапни места”, рече професор Балтов.
За време на прегледот, првиот повик беше направен преку 5G мобилната мрежа во Бугарија. Теленор планира да ја продоли серијата практични 5G мрежни тестови под мотото “5G тестови за подобра иднина”.
Освен во Софија, демонстрациите ќе бидат достапни и во други градови. Тие ќе бидат поврзани со виртуелната реалност, а стриминг видео содржините ќе бидат јавно достапни.
Највидливите и опипливи придобивки од 5G технологијата од денешната достапност е значително повисоката брзина на пристап, речиси инстантната поврзаност помеѓу двете страни и поголемата сигурност на врската, коментира Теленор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×