Медведев: Руската економија мора да се подготви за најцрни сценарија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

MedvedevРускиот премиер Дмитри Медведев смета дека руската економија изгледа подобро сега отколку пред една година, но мора да се подготви за најцрни сценарија, ако продолжат ниските цени на нафтата и влијанието од западните санкции.

Зборувајќи на бизнис форумкој се одржа во средата, Медведев посочи дека 2015 година била една од најтешките години за руската економија во изминатата декада. “Проблемите со кои се соочуваше земјата во изминатата година резултираа со пад на обемот на производство и намалување во бизнис и претприемничката активност”, изјави Медведев.
Руската економијата минатата година падна за 3,8%, откако цените на нафтата, што е најголем извозен производ на Русија, паднаа за речиси 70% , на 30 долари за барел.

Западните санкции кон Русија, воведени заради анексијата на Крим во 2014 година и поддршката на бунтовниците во Украина, направија дополнителни штети заради тоа што ги отсекогаш руските банки од меѓународните финансиски пазари. Вредноста на рубљата падна од 30 рубљи за долар, на 75 рубљи за долар.

Инфлацијата во 2015 година изнесуваше 15,5%, а цените на храната пораснаа за над 20%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×