Мегалодонот доаѓа во Скопје: ФХ3Х учествуваше во креацијата на уште еден холивудски хит
Објавено на од во lifestyle
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „МЕГ„ чија премиера ќе биде на 23 август во киното Cineplexx
meg_big_poster

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пoсле цели 20 години  развој на проектот, на 23 август во киното Cinplexx ќе биде премиерата на филмот „Мег„  (The Meg) на чии визуелни ефекти работеше и македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х.

Филмот е снимен според новелата „Мег: Новела на длабок терор„ на Стив Алтен, кој пак бил инспириран од приказната за гребенот Мариана кој се наоѓа во пацификот, и е најенигматското место во Океанот. Таму и го лоцирал дејството за двесет метри долгата ајкула Мегалодон, која се појавува од најдлабокиот гребен кој му е познат на човештвото, длабок повеќе од десет километри, и палеонтолог кој се обидува да го спречи нападот на ајкулата и нејзиното размножување.

Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект се работело од април до октомври минатата година и на проектот работеле 80 артисти. „ Филмот доби добри критики како научно-фантастичен трилер и летна забава, секако умерена бидејќи е и за деца над 13 години. Заработката не е можеби единственото мерило за квалитетот на филмот, но Мег трипати го надмина буџетот за продукција и досега заработи 315 милиони долари, а во многу земји во светот, меѓу другото и кај нас, допрва му следи премиерата. Во секој случај оценката на визуелните ефекти, она што нас најмногу не интересира, е повеќе од одлична, односно според Форбс, се импресивни, и тоа е доволно да не привлече да одиме во кино и да го погледнеме „ изјави Даниловски.

The-Meg-poster-2

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×