Меѓународна конференција за енергетика МЕФ 2019
Објавено на од во Економија
Меѓународна конференција за енергетика „Македонски енергетски форум-МЕФ 2019“ на тема „Енергетската транзиција во светот преку обновливи извори и енергетска ефикасност“ од денескка до петок ќе се одржи во струшкиот хотел Изгрев.
slide2-1Конференцијата утре официјално ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, а на неа ќе учествуваат високи претставници од домашни и меѓународни институции, приватни компании, невладини организации и експерти од областа на енергетиката.
Расправата ќе се одвива преку пет панели кои ќе третираат теми од регионалните предизвици во приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, новите технологии во обновливите извори, енергетската ефикасност, гасот, како и посебен панел за родовата застапеност во сферата на енергетиката.
Конференцијата е во заедничка организација на АД Електрани на Северна Македонија, Владата, Амбасадата на САД и невладината организација ЗИП Институт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×