Меѓународниот аеродром во Атина потпиша договор со Интраком Телеком за замена и надградба на оперативните мрежи
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Icom-HQ-photoIntracom Telecom, глобален производител на телекомуникациски системи, потпиша договор со меѓународниот аеродром во Атина, Elefterios Venizelos, да ја замени постоечката аеродромска мрежа за пренос на податоци и глас, телефонскиот систем и соодветните апликации со најсо-времена единствена инфраструктура од последната генерација.

Проектот вклучува високо достапнa мрежна инфраструктура за пренос на податоци во аеродромскиот комплекс со можност да поддржува VoIP, видео и податочни услуги, единствен центар за контрола на повикот со напредни UCC функционалности (Unified Communication and Collaboration), мобилни услуги, како и контакт центар, со можност за употреба од страна на повеќе ентитети односно корисници.

Високата критичност и комплексност на аеродромските операции и специфичноста на оперативните индикатори на клучните перформанси, го прават овој проект многу комплексен, поради што меѓународниот аеродром во Атина бара фазен пристап на миграцијата, кој обезбедува паралелна работа на сегашните и идните говорни и податочни мрежи. Се планира дека проектот ќе се имплементира во рок од 2 години, по што Интраком Телеком ќе обезбеди одржување во следните 3 години.

Intracom Telecom е глобален производител на телекомуникациски системи и решенија, кои се присутни повеќе од 35 години на пазарот. Компанијата е иноватор во областа на безжични технологии за пренос и пристап, успешно имплементирајќи ги своите производи и решенија во мрежите на многу оператори во светот. Компанијата е стратешки определена и значително инвестира во постојан развој на своите производи со цел да се обезбеди ефикасни, економични и сеопфатни решенија наменети за динамичниот пазар на информациски технологии.

Интраком Телеком нуди  нова генерација на профитабилни сервисни платформи за дистрибуција на мултимедијална содржина, сервиси со додадена вредност, како и платформи за анализа на големи количини на податоци (big data analytics). Дополнителен фокус претставуваат и решенијата од областа на конвергирани мрежи, приватни и јавни Cloud платформи наменети за компании, оператори и владини институции. Компанијата, заедно со своите производи нуди и комплетен спектар на професионални и консултантски услуги, техничка поддршка и менаџирани сервиси.

Седиштето на компанијата се наоѓа во Атина, а претставништвата се широко распространети во Европа, Северна Америка, Африка, Азија и на Блискиот Исток.

Интраком Телеком е присутен во Македонија повеќе од тринаесет години преку локалната компанија Интраком ДООЕЛ Скопје,  во која се вработени високо квалификувани професионалци со долгогодишно искуство во справувањето со телекомуникациите и информатичките технологии.

За повеќе информации, повелете посетете ја www.intracom-telecom.com

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×