Меѓународниот аеродром во Атина потпиша договор со Интраком Телеком за замена и надградба на оперативните мрежи
Објавено на од во Компании
Icom-HQ-photoПроектот вклучува високо достапнa мрежна инфраструктура за пренос на податоци во аеродромскиот комплекс со можност да поддржува VoIP, видео и податочни услуги, единствен центар за контрола на повикот со напредни UCC функционалности, мобилни услуги, како и контакт центар

Intracom Telecom, глобален производител на телекомуникациски системи, потпиша договор со меѓународниот аеродром во Атина, Elefterios Venizelos, да ја замени постоечката аеродромска мрежа за пренос на податоци и глас, телефонскиот систем и соодветните апликации со најсовремена единствена инфраструктура од последната генерација.

Проектот вклучува високо достапнa мрежна инфраструктура за пренос на податоци во аеродромскиот комплекс со можност да поддржува VoIP, видео и податочни услуги, единствен центар за контрола на повикот со напредни UCC функционалности (Unified Communication and Collaboration), мобилни услуги, како и контакт центар, со можност за употреба од страна на повеќе ентитети односно корисници.

Високата критичност и комплексност на аеродромските операции и специфичноста на оперативните индикатори на клучните перформанси, го прават овој проект многу комплексен, поради што меѓународниот аеродром во Атина бара фазен пристап на миграцијата, кој обезбедува паралелна работа на сегашните и идните говорни и податочни мрежи. Се планира дека проектот ќе се имплементира во рок од 2 години, по што Интраком Телеком ќе обезбеди одржување во следните 3 години.

Intracom Telecom е глобален производител на телекомуникациски системи и решенија, кои се присутни повеќе од 35 години на пазарот. Компанијата е иноватор во областа на безжични технологии за пренос и пристап, успешно имплементирајќи ги своите производи и решенија во мрежите на многу оператори во светот. Компанијата е стратешки определена и значително инвестира во постојан развој на своите производи со цел да се обезбеди ефикасни, економични и сеопфатни решенија наменети за динамичниот пазар на информациски технологии.

Интраком Телеком нуди  нова генерација на профитабилни сервисни платформи за дистрибуција на мултимедијална содржина, сервиси со додадена вредност, како и платформи за анализа на големи количини на податоци (big data analytics). Дополнителен фокус претставуваат и решенијата од областа на конвергирани мрежи, приватни и јавни Cloud платформи наменети за компании, оператори и владини институции. Компанијата, заедно со своите производи нуди и комплетен спектар на професионални и консултантски услуги, техничка поддршка и менаџирани сервиси.

Седиштето на компанијата се наоѓа во Атина, а претставништвата се широко распространети во Европа, Северна Америка, Африка, Азија и на Блискиот Исток.

Интраком Телеком е присутен во Македонија повеќе од тринаесет години преку локалната компанија Интраком ДООЕЛ Скопје,  во која се вработени високо квалификувани професионалци со долгогодишно искуство во справувањето со телекомуникациите и информатичките технологии.

За повеќе информации, повелете посетете ја www.intracom-telecom.com

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×