… Меѓусебно соочување на врбите во Вардар …
Објавено на од во Колумни

Е, младичу, дури тогаш, ако има тогаш … ние ќе правиме држава …

Јасен ли ти е сега мојот став …

Ако ти е јасен пренеси понатаму …

Ти тоа добро го правиш …со векови … !!!

Затоа што толку добро го правиш тоа … до денес се уште немаш држава … Поброен ти е народот надвор отколку дома …

Арам да ти е и ексик на парите …!!!

Пеза.

Деновиве го бараат мојот став за бомбите … Весници, телевизии портали … Им порачувам да не ме замараат … И едните и другите ….

Се што е содржина на бомбите на Зоран Заев јас лично сум го коментирал во сите мои колумни и текстови откако сум новинар … од моите сериозни почетоци во Дневник во 1996 до денес … Кој сака нека чита … сето ова македонската јавност го знае … Она што е нов момент е соочување со содржината на бомбите. Соочувањето како такво и од страна на нормалната македонска јавност и од страна на опозицијата и власта во овие 25 години … две македонски и две албански партии што ги сметам за најретардираниот политички композити сочинет од евтини ликови, класични социјални случаи порозни на продор на странски служби … сакате источни сакате европски сакате прекуокеански бирајте се има … И сега … Ние сме им виновни …

Денес, оваа екипа најлесно и е пред јавноста да се хомогензира во семејство … Да, да семејство едно биле … А во семејството семејно насилство. Имате ли памет вие …!

„Државата во џебно издание „кои некои, во кои се вбројувам и јас, ја викаат Република Македонија, некои ја викаат ФИРОМ, некои ФИР Македонија, а некои воопшто не ја викаат … и не ги есапат нејзините официјални лица веќе две и пол децении, периодов ја доживува својата можеби најдлабока криза од нејзиното никнување во 1991.

Бомбите пукаат на сите страни, шрапнели удираат по владини претставници … де имало странски служби, де не биле странски служби, па има тези дека ова е масло на домашните предавници и шпиони, а оние наши Македонци што тоа го обвинуваат, и тие шпионирале кога биле на другата страна.

Затоа што одамна овде шпион на шпион … шпион му е!

Ова е земја на шпиони. Одамна.

Се тргува со информации….Седнуваат со вас на кафе, сакаат да купат информација. Периодов има инфлација на покани до мене за на кафе, за на ручек, на салата, на скара и пиво, на гости … сите сакаат нешто повеќе да дознаат. Да купат, па да продадат … Ништо не им продавам … нека цркнат јадните …

Велат … ова кај Зоран Заев е масло на странски служби … Им одговарам… Глупави едни: а кога не било бре. И како веднаш тоа ве интересира … Јадници … А што кажува тој на пресови, тоа не ве интересира … Само кој ве слушал.

Па само мене едно три министри во оваа влада, од кои едниот е вицепремиер, ова се, речиси се, особено за економијата, ми го има кажано сто пати во овие девет години … Се разбира на кафе … на пресови звучи сосема друго … Нели дел од семејството е тој, нераскинлив дел од семејството … Како беше таа изјава што ја слушнавме деновиве …

Еве еден друг аспект кој упатува на точноста на тезата дека се странски служби во прашање …

Па, да не има луѓе во оваа земја што таква сложена операција на прислушување, која трае пет, шест и повеќе години, може да изведе, а притоа никој од Македонците или Македончињата да не продаде информација за бедни неколку стотици илјади евра, и од социјален случај да стане стамен, стасит и одеднаш без никаков труд реализиран граѓанин …

Со сета почит кон политиката на Киро Глигоров, и она што му се случи во 1995 година …. бидејќи се вбројувам во оние кои му ја почитуваа работата и мислата …. Ама, видете бре, на оваа држава во поновата своја историја од 1990 наваму еден атентат и се случи, па  тргна да го менаџира … и да ми простите, ама и тој атентат е неуспешен … Статива. Килаво. Го отепаа шоферот …! Замислете. Затоа што овде нема кадарни играчи за големи проекти … Овде со оваа работа се занимаваат ситни риби, што прават бељи за мали пари …џепароши, инфантилни ликови, пејачи по биртии, политички турбофолкери, приучени по сплавовите во Белград на Сава и Дунав, ликови полни со комплекси оти биле последни во маало …

Последните такви горостаси Македонци, ако е веродостојна приказната што ни ја раскажуваат по историја, биле солунските атентатори, гемиџиите, кои мајче расплакале во Солун … Иако не сум до крај убеден за чии интереси тоа го направиле, како што не сум убеден дали и Питу Гули не бил наместен на Мечкин камен пред илјадниците турски аскер …

Да ми простите ама не што не е нормално, туку е и нехумано тој со својата чета да загине горе над Крушево пеејќи ја месната – Krushuva nostra …, а неговиот шеф Никола Карев на коњ истата ноќ со одбрана чета да ја дувне за Софија … Па по некој месец враќајќи се назад кај кочанското село Облешево (денешна општина Чешиново Облешево, или Облешево Чешиново, така е во законот шашаво ставено … шашаво ама функционира), го убиваат некои други Македонци третирајќи го како шпион … Шашаво место за шашав атентат …Шашаво ама функционира …Така е одсекогаш.

Денеска Никола Карев “неприродно голем” стои пред македонскиот парламент. Спроти него во паркот гордо и достоинствено на коњ, и подготвен на акција стои Питу Гули. И во актуелната химна македонска го има Питу … Карев го нема … Зошто? Навистина зошто? Зошто заборавивте да ја смените химната …

Тоа е затоа што ова е земја на евтини шпиони. Странските служби такви сакаат. Оттука, и јас сум убеден дека ова е масло на странски служби. Но, прашувам. Па што …?

Јас секако немам информации за тоа …

Но, еве уште денес некој во Вашингтон, Лондон, Париз, Берлин, Москва…. Белград … Софија … Атина може да излезе и на претставниците на Владата (кои во хор деновиве освен што немоќно и поразително си ги изнајдуваат своите заеднички “семејни корени”, урлаат дека е ова масло на странски служби…., ќе им рече … да господа, им се обраќаме на Владата на РМ и им соопштуваме дека сме ние тие. И сега што …?

Па и Меркел дозна дека Вашингтон ја слушал во кабинетот. Цел свет објави за тоа. Меркел чинам и изјави даваше. Па што? Еве ги во Украина заедно … И? Ќе почнете војна против нив … Ма дај …!? Имате ли воопшто концепт вие …? Така ли ќе ја спасувате Македонија во втората деценија на дваесет и првиот век. Таква ли капа и кроите на нашата татковина …

Македонија со исти политичари, како што слушнавме од бомбите, навикнати да владеат во еднопартиски систем, исти интелектуалци за во еднопартиски систем, речиси исти колумнисти за еднопартиски систем кои се задоволуваат за 30 евра платена колумна да исерат 10 килограми измет, што како биогориво чини 100 евра по калорија …, исти глумци, исти поети и поетски здруженија сочинети од ликови “креативни пијаници кои се прават освен што не пишуваат песни …”.

И на крајот исти новинари … Леви и десни …сдсмовски и вмровски …. Бедотија …Во секое огледало во кое партиски лидер се огледува, во огледалото се покажува еден до седум, осум, девет до десет таканаречени уредници тешкаши….бре, бре…

Зошто тешкаши?

Затоа после со секоја власт, со сите власти тие се во нивните панталони во пределот на тестисите увалени како болви или крлежи … И редовно ги товарат бродовите … Па слушајте ги снимките за дел од нив….

За другиот дел ќе ги слушаме кога ќе се смени власта …

Стрпете се и бидете сигурни во тоа. Има и за нив.

Значи што имаме … Кој бил мојот став за бомбите?

Ова е семејно насилство. Не го креиравме ние … И никому ништо не должиме … Ни јас. Ниту Капитал. Тоа веќе го кажав во една изјава на една телевизија и во колумна во овој магазин … Но, секако дека имам став …

Освен што е важно, но не и најважно, сето ова треба да се реши институционално. Но, за мене многу поважна и содржината на телефонските разговори, да ми простите … Со неа ќе се соочува уште долги и многу години во иднината. Ова е голема работа што и се случува на Македонија … Сега ќе се види кој е кој, и кој колку заслужил што толку многу зграбал и моќ и пари. Ќе се смени власта и пак ќе има снимки за спротивниот табор … И тоа е добро.

Снимките никој не ги демантира… Против Зоран Заев и СДСМ нема кривични пријави … Против Заев нема обвинение, само пасошот му го зеле … Се слуша дека обвинителите биле збунети и нервозни од притисоци … Тоа е заради содржината што е објавена, и заради таа што допрва ќе биде објавена.

Оттука, иако е важна институционалната разврска многу поважна е содржината. Во една од последните бомби, од устата на еден владин протагонист, задолжен за “кеш флоуто” на земјата се слушнаа тешки квалификации за економските политики што се водат овде. Дури, за мене лично, практично е исцртана мапата на пропаѓање на дневниот весник Капитал, тој беше затворен во јуни 2012 година, во контекст во кој мораше да се затвори …, а токму тоа го пишуваше, што го кажа ликот, а ние го слушнавме пред некој ден во бомбата. Да, да …Токму тоа што го кажа ликот во слушалката, тоа ние го пишувавме цело време.

Авторот на овие редови во една прилика во летото 2012 година му порача на задолжениот за “кешфлоуто” дека “животот е долг”, многу долг … ние сме сепак уште млади и не чека многу работа … имаме и други претприемнички соништа, приказни за раскажување … Oсобено ние што не сме на државни јасли, и што своите кариери не ги правиме лесно цицајќи од потта на даночните обврзници … I што цел живот работиме на калдрма …

Но, што ќе прават тие после сево ова … ? Имаш ли ти сон? Кој е твојот сон? Ако сонот ти бил моќ, цврста рака и бескрајна ароганција како средство на општење со слободоумните и креативни граѓани тогаш си се зезнал младичу …

После ова што го слушаме повеќе, ниту си кредибилен ниту си релевантен.

Умре Тито во 1980 година и чекаа уште десет години, плашејќи се да не се разбуди, па кога до крај беа уверени после десет години дека маршалот е цркнат и повеќе не мрда, удрија истите тие по се што тој правеше… Денеска се Бароните на македонската транзиција … Iстите тие кодоши и комунисти.

Но, младичу јас сум совесен и одговорен граѓанин …

Ако не иде, не иде … Или ќе останеме да бидеме живи херои на ова време (оти на Македонија не и требаат повеќе мртви херои, како што често знае да ми каже во саботните или неделните претпладниња, еден мој голем пријател, и голем учител во животот)

Македонија мора да се соочи со себе младичу. И со бароните на својата дваесет и пет годишна транзиција. За да ја биде. И ќе се соочи секако (оти едноставно редот е наш, ни доаѓа нам … ни криви ни должни).

Ќе се соочиме со својата катарза. Со жестината на европските антикриминални процеси кои бараат од Македонија пред да влезе во семејството на нормални држави и граѓани, да си ја помине својата психотерапевтска процедура, што секогаш следи по трауматичниот на манифестација на лудак од прв степен.

Ова општество, секако, биди сигурен во тоа младичу, ќе се пресмета, на овој или оној начин, сега или малку подоцна, со своите битанги од сите четири партиски бои … таман сите влегле во една влада. Џабе ќе им биде …

Купишта пари украдоа корумпираните македонски политички и партиски јатаци и елити од фондовите на USAID, под чие лого јасно и силно е напишано From the American people … (да не мислите дека е случајно ставено вака) …

Е од тој американски народ, што преку директна финансиска помош, што преку техничка помош оваа земја доби меѓу 6 и 9 милијарди долари … И уште троши … сега додека го пишувам овој текст … На тој американски народ, не влада, ќе мора да му се вратат тие пари младичу …

Купишта кредити земаа од европските и светските банки, и ги украдоа преку нашите банки. Се задолжија. Се си заложија во хипотеки и кешот си го испумпаа.

Оттука, троскотот од сите четири партии … две македонски и две албански, кои со пиштол во глава ја држат оваа земја и нејзините граѓани во заложништво, ќе биде радикално искубан … Троскот си е троскот …

Е, младичу, дури тогаш, ако има тогаш … ние ќе правиме држава …

Јасен ли ти е сега мојот став …

Ако ти е јасен пренеси понатаму …

Ти тоа добро го правиш …со векови … !!!

Затоа што толку добро го правиш тоа … до денес се уште немаш држава … Поброен ти е народот надвор отколку дома …

Ексик на парите …!!!

Пеза.

 

ПУТУЈ ЕВРОПО!!!

НИСУ КРИВИ ПРИМИТИВЦИ ШТО СУ ПОКУПИЛИ МАСТ …
ЈЕР КОРОВ НИКНЕ, ГДЕ ГОД СТИГНЕ …
ЊИМА СВАКА ЧАСТ.

И СВИ ТИ СИЛНИ ИНФАНТИЛНИ…
ШТО СУ НАМ ЗАГУСТИЛИ…
ПА НЕМОЈ СТАРИ МОЈ …!!!
КРИВИ СМО МИ…
ШТО СМО ИХ ПУСТИЛИ.

ЈЕР, ШТА СУ ЗНАЛИ ГЕНЕРАЛИ …
И БРКАТИ МАЈОРИ …
ЈЕДИНО ДА ВИЧУ…
ПАЛИ !!!!!!!
АЛИ …
НИСУ НАЈГОРИ …
КРИВИ СМО МИ.
И СВИ ТИ СИЛНИ ИНФАНТИЛНИ …
ШТО СУ ПУШКЕ САЊАЛИ …
НЕ, НЕ ДЕРАНЕ …
КРИВИ СМО МИ …
ШТО СМО СЕ СКЛАЊАЛИ.

НИСУ КРИВЦИ ДЕПРЕСИВЦИ …
ЛУДЕ И ПСИХОПАТЕ …
ШТО СУ РУШИЛИ, ПА САДА НАМА НУДЕ ЛОПАТЕ …
И НИСУ КРИВИ СЕДАТИВИ ШТО ИХ НИСУ СПУТАЛИ …
SORRY МАТОРИ …
КРИВИ СМО МИ …
КОИ СМО ЧУТАЛИ.

И ЗАТО ….!!!!
ПУТУЈ ЕВРОПО …
НЕМОЈ ВИШЕ ЧЕКАТИ НА НАС …
И НЕ ТУГУЈ МНОГО …
ЈЕ КАКО СТВАРИ СТОЈЕ …
ДОСПЕЧЕШ И ТИ … ЈАКО БРЗО …
НА РЏАВ ГЛАС.

ПУТУЈ ПЛАНЕТО …
СУПЕР СМО СЕ ДРУЖИЛИ …
НАМА ЈЕ ЛЕПО …
ТАМАН КАКО СМО ЗАСЛУЖИЛИ.

ПУТУЈ ЕВРОПО …
И ПОШАЉИ НАМ МАЛО…ЕХ КАД БИ ПОЧЕО ДА РЕД ШТА СВЕ … !!!
АЛ ЗА ПОЧЕТАК МАЛО ПЕЦИВА (чоколаде имамо … н.з)
ЈЕР НАМА ЈЕ ЛЕПО …
СРЕЧА ЈЕДНА НЕИЗРЕЦИВА.

ПУТУЈ ПЛАНЕТО …
ОВДЕ СЕ МРАК ПРЕЗИВА …
НАМА ЈЕ ЛЕПО …
СРЕЧА ЈЕДНА НЕОПИСИВА.

Џорџе Балашевиќ,

(авторот писател, поет и кантавтор. Поранешна долгогодишна југословенска поп ѕвезда, а денес влијателен српски, балкански и светски писател. Исто така еден од педесетте амбасадори на добра волја на UNICEF. Инаку песната беше рецитирана илјадници пати во текот на девдесеттите години на разни манифестации во Србија …)

(Авторот на денешната колумна во Капитал, и се извинува на македонска читачка публика што во денешниот број оваа песна не е преведена на македонски јазик.
Авторот на колумната најавува дека песната ќе биде објавена на македонски јазик во буквален превод (не препев) идната недела …
Песната не е преведена на македонски јазик во овој број поради природата и силината на пораките кои овие стихови ги праќаат, за кои авторот смета дека се многу важни за “македонскиот момент”, а со кои на мисла сме, и се надеваме дека и надлежните институции кои се задолжени да го надгледуваат употребувањето на македонскиот јазик, додека ги читаат овие редови ќе бидат согласни, вознемирени и “видно возбудени”!!!)

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×