Меј доби уште две недели за преговори за Брегзит
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ако пратениците одново го отфрлат Договорот, Меј тогаш ќе може да поднесе предлог за одлагање на Брегзитот за по 29 март.

may teresa

Британската премиерка Тереза Меј доби уште две недели за преговори со ЕУ за Брегзит и шанса да се одложи напуштањето на Европската унија, откако пратениците во Вестминстер ја поддржа нејзината нова стратегија со која се предвидува Парламентот да може да решава за одлагање на истапувањето на Велика Британија од Унијата.

Долниот дом на британскиот Парламент со 502 гласа „за“ и 20 „против“ го поддржа амандманот со кој Меј ќе може да предложи уште еднаш гласање во Парламентот за Договорот за напуштање на ЕУ најдоцна до 12 март.

Гласањето во Парламентот беше симболично со цел пратениците да се осигураат дека Владата нема да се откаже од ветувањето дека пратениците ќе го имаат конечниот збор за Брегзитот.

Пратениците во исто време ги одбија предлозите на Шкотската национална партија (СНП) за оневозможување на Брегзит без договор, како и на лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, кој предвидуваше заедничка царинска политика и тесни врски меѓу Велика Британија и ЕУ и по истапувањето на земјата од Унијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×