Меј: Ќе побарам од ЕУ продолжување на преговорите за Брегзит
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека повторно ќе побара од Европска унија да го продолжи периодот за преговори за Брегзит и оти ќе се обиди со лидерот на лабуристите Џереми Корбин да го прекина „застојот“ на процесот во Парламентот.
Theresa-May-angry-1024x580Меј истакна дека на Велика Британија и е потребно да се продолжи периодот за активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор, што се однесува на излегување од ЕУ, на што е можно пократок временски период, за да се избегне излез од Унијата без договор.
„И мораме да бидеме јасни што е целта на таквото продолжување, за да обезбедиме да излеземе правовремено и уредно“, посочи Меј.
Таа додаде дека презема акција за да изнајде излез од ќор сокакот во кој западна Брегзит.
„Нудам да седнам со лидерот на опозицијата и да се обидеме да се договориме за планот, до кој двајцата ќе се држиме за да обезбедиме излез од ЕУ и тоа да го направиме со договор“, наведе Меј по седумчасовниот состанок со членовите на Владата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×