Меј најави оставка, почна трката за нејзин наследник
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека ќе поднесе оставка пред следната фаза на преговорите за Брегзит. Иако таа не го објави датумот кога ќе ја напушти функцијата, повисоките членови на Конзервативна партија ја почнаа трката кој ќе ја замени.
BRITAIN-NIRELAND-EU-BREXIT-POLITICSМеѓу конзервативците кои сакаат да ја сменат Меј се тројца поранешни министри во нејзината Влада – поранешната министерка за труд Естер Мекви (51), поранешната министерка за внатрешни работи Амбер Руд (55) и поранешниот шеф на дипломатијата Борис Џонсон (54), како и поранешниот министер за Брегзит, Доминик Раб (45).
И неколку актуелни министри сакаат да ја заменат Меј, меѓу кои и министерот за надворешни работи Џереми Хант (55) и министерот за здравство Мет Хенкок (40).
Како кандидати се спомнуваат и заговорниците на Брегзит – Андреа Лидсом (56) и Мајкл Гоув (51), поранешниот дипломат Рори Стјуарт (46), поранешниот банкар Саџид Џавид (49)  и Грејам Брејди (51) претседател на Одборот на конзервативните пратеници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×