Меј: Шемата на руската агресија е од Западниот Балкан до Блискиот исток
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Британската премиерка Тереза Меј непосредно пред почетокот на самитот на шефовите на држави и влади во Брисел порача дека ќе ги предупреди европските партнери, како што ја нарече, на руската агресија во Европа и пошироко.

„Ќе зборувам за Солсбери (за случајот Скрипал), но не само за тоа. Ова е шема на руска агресија која ја наоѓаме од Западниот Балкан до Блискиот Исток“, изјави Меј.

Судејќи по последниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија на кој се разговараше за руската закана, се очекува Грција да биде меѓу „најмеките“ држави кон Русија.

„Треба да ја изразиме нашата солидарност со Велика Британија и британскиот народ, но во истовреме треба и да го истражиме случајот, мораме да бидеме многу одговорни“, изјави Ципрас при пристигнувањето на самитот, алудирајќи на вмешаноста на Русија во убиството на Скрипал.

Дипломатски извори брифираат дека во замена за грчката поддршка околу „построгиот“ речник кон Русија, Грција засега добила од европските партнери силна осуда кон Турција.

Имено, во нацрт-заклучоците објавени од неколку медиуми меѓу кои и „Катимерини“ се посочува дека ЕУ „силно ги осудува постојаните нелегални активности на Турција во источниот Медитеран и Егејско Море. Европскиот Совет бара итно Турција да ги прекине прекине овие активности.“

Грчките медиуми јавија дека Ципрас ќе има трилатерални средби со Тереза Меј, францускиот претседател Емануел Макрон, како и германската канцеларка Ангела Меркел, со кои ќе разговара за Турција и Кипар, но и за прашањето со името.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×