Менаџирање во време на криза и што потоа – онлајн предавање на д-р Исак Адижес
Објавено на од во Компании
Предавањето, кое го организира М6 Едукативниот центар, ќе биде јавно достапно за сите заинтересирани и ќе се одржи на 5 мај со почеток во 17 часот. 
oficijalen post-01
Еден од најценетите бизнис и организациски консултанти во светски рамки, д-р Исак Адижес ќе одржи ексклузивно онлајн предавање за македонската публика. Во време кога се соочуваме со една од најголемите кризи во модерната историја, д-р Адижес ќе ги претстави своите согледувања и совети за менаџирање компании и организации за време на кризниот период, но и по неговото завршување. Предавањето, кое го организира М6 Едукативниот центар, ќе биде јавно достапно за сите заинтересирани.
 На овој настан, д-р Адижес  ќе го пренесе своето долгогодишно искуство и на тој начин да им помогне на македонските менаџери полесно да ја пребродат кризата предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, но и како подготвено да го дочекаат посткризниот период. Предавањето е наменето за сите носители на одлуки во компаниите и институциите без разлика дали станува збор за стартапи, за мали и средни фирми или пак за големи компании.
 Д-р Исак Адижес е еден од најангажираните и најреномирани предавачи и консултанти во светот. Бил професор на повеќе престижни универзитети, а неговото име е на листата 30 најдобри консултанти во САД. Како признание за придонесот во развојот на теоријата и практиката на менаџирање, д-р Адижес е носител на 21 почесен докторат од универзитети во десет земји. Неговата уникатна Адижес методологија за управување со организациски промени повеќе од четири декади им помага на голем број корпорации, влади и организации да постигнуваат врвни резултати во своето работење. Со оглед на тоа што е роден во Скопје и остварува редовни контакти со стопанственици и професори од земјава, д-р Адижес е одличен познавач на состојбите во нашата држава.
Онлајн предавањето на д-р Адижес ќе се одржи на 5 мај, со почеток во 17:00 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×