Мендерес Кучи: Домашните компании треба да имаат ист третман како странските
Објавено на од во Прогнози 2015

МЕНДЕРЕС КУЧИ, претседателот на Кoмората на Северозападна Македонија за Капитал прогнозира каква година може да очекуваат македонските компании.

Каква очекувате да биде 2015 година на економски план ?

Во толку неизвесни времиња многу е тешко да се предвиди економијата на земја како Македонија, која е многу отворена кон светот во економска смисла. Ако се имаат во предвид економските прогнози на Народна банка на Македонија и ММФ за економски раст од 4,1%, односно од 3,3% тогаш 2015 година може да биде добра година. Еден важен елемент од економијата претставува и јавниот долг или дефицитот на тековната сметка која е предвидена на ниво од 3,9 % од БДП, додека ММФ предвидува дефицитот да биде на ниво од 5,7% од БДП, што уште еднаш се потврдува лошото стопанисување на државната каса.

Важен дел од економските очекувања на Македонија се и економските движења во регионот и евро зоната, и ако ги погледнеме прогнозите за раст, мислам дека сепак 2015 година нема да биде лоша година за стопанството. Мислам дека сепак ќе продолжиме да растеме како економија поради фактите што имаме инфраструктурни проекти, трите автопатски делници и реконструкција на железничкиот  сообраќај кои секако се важна движечка сила на економија.

Какви се плановите на вашата компанија за следната година, колку очекувате дека ќе го зголемите производството, продажбата и на домашен и на странски пазар? Планирате ли нови инвестиции со цел да го проширите бизнисот?

Што се  однесува на плановите  на  нашата компанија АРБ Комерц од Тетово мислам дека нема да имаме некакво поголемо раздвижување во следната година, ниту во смисол на извоз, ниту, пак,на домашниот пазар, затоа што ние покрај со централната власт, имаме проблем и со локалните власти кои се неспособни кога е во прашање превземањето на стратешки одлуки. Имено, станува збор за недоволно издавање на градежни дозволи кои директно се поврзани со нашето работење и директно поврзани и за многу други економски гранки во градот и пошироко и во државата. Што се однесува до новите инвестиции ние од поодамна размислувавме за инвестирање во земјата, но бидејќи немаме  ист третман како странските инвеститори, ( а тоа го потврдува и фактот што нашето барање за доделување на концесија се влече по институции повеќе од 7 години и покрај завршувањето на сите фази на истражувањата и изготвените проекти кои мируваат незаконски односно затоа што одреден градоначалник не дава согласност за експлатација иако во тек на постапката на истажување е даден истиот), така да и сме принудени да размислуваме за инвестирање во соседството, поточно во Србија заедно сонекој странски партнер. Таму можностите се исклучително  добри,изгледот за зачленување на Србија во НАТО и ЕУ се подобри, а да не зборуваме и за стратешката позиција и инфраструктурната поврзаност на Србија со светот.

Кои се најголемите предизвици според вас со кои ќе се соочат компаниите следната година? Што сметате дека треба да се подобри во бизнис климата за да може фирмите подобро да работат?

Следната година има многу законски измени како задолжница, придонесите за хонорарците и ред други промени. Сакам да потенцирам дека задолжницата е товар за компаниите, бидејќи само ги оптоварува со административни трошоци и време за средување на документите, како што е предвидено за сите плаќања над 5.000 евра. Нашите членки се против оваа мерка бидејќи етаблираните компании имаат долгогодишни соработници и тие си имаат свој начин како си ги подмируваат долговите меѓусебе, додека пак забелешката наша е што најголемиот должник кој уште си продолжува да се задложува, а тоа е државата нема да биде вклучена.

Во пошироки рамки може да се каже дека слабењето на еврото ќе има негативен импакт во надворешно – трговско работење на нашите компании. Секако и економските движења во регионот ќе имаат влијаније, но со оглед на проценките на меѓународните институции економијата ќе заживее и нашите компании ќе постигнат добри резултати. Намалувањето на цената  на нафтата е многу важен фактор за нас, бидејќи ќе ни овозможи да имаме поефтини енергенси и верувам дека ќе се намалат трошоците за производство и транспорт.

Што треба да се промени во бизнис климата за да можат фирмите подобро да работат е многу тешко прашање за кое треба да се пишуваат големи статии. Но, сепак ние од сознанијата што ги имаме од нашите членки би рекол дека најпрво ни треба политичка, економска, социјална  сигурност и безбедност во рамки на државата, што би значело да бидеме членка на НАТО алијансата, потоа добро судство и подобар образовен систем. Државата последниве години прави многу стриктна економска политика проследена со многу  казни за секоја грешка без да се има предвид дека многу помали фирми и не се доволно информирани. Би требало да има воспитни мерки до три пати, а потоа да се казнува, а не како што е сега да се оди директно на казнување. Домашните инвеститори да имаат ист третман како надворешните и тие да се субвенционираат како и странските за да станеме поконкурентни во светските пазари, бидејќи странските инвеститори веќе имаат место во светска економија и ним не им требаат толку субвенциите, а за домашните компании тие би биле многу силен поттик за поголем извоз и раст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×