Избран најдобриот претприемач во светот
Објавено на од во Компании

Мени Стул, претседателот и ко-извршен директор на компанијата Moose Enterprise е избран за светски претприемач на годината на натпреварувањето кое го организира меѓународната ревизорско-консултантска компанија Ernst & Young во Монте Карло.

Manny Stul Winner WEOY 2016„Чест и задоволство ми е да го примам ова престижно признание во името на компанијата Moose Entreprise, сите вработени и во името на Австралија. Се натпреварував со извонредни претприемачи и инспириран сум од сите нивни приказни. Ние сме компанија која успева да се фокусира на иновации, компанија со интегритет и јасна цел – да ги направиме децата посреќни. Тоа ни го овозможува брз раст и надминувањето на препреките. Исто така, сакам да се заблагодарам на компанијата Ernst & Young во името на сите претприемачи кои се натпреваруваа“, изјави Мени.

Стул ја презел компанијата Мoose во 2000 година, а потоа ја презел и австралиската компанија за играчки која имала 10 вработени. Претходно ја основал компанијата Skansen Giftware, која ја листирал на австралиската берза во 1993 година. Водејќи ја компанијата Moose, Мени ја зголемил продажбата за дури 7.200% и изградил светски бизнис кој денес претставува четврта најголема компанија за играчки во Австралија, а според продажбата е шеста најголема компанија во САД. Денес компанијата Moose ги продава своите играчки во повеќе од 80 земји во светот.
Ребека Мекдоналд, претседател на жирито на овогодинешниот избор на Светски претприемач на годината, основач и претседател на одботот на Just Energy Gorup од Канада, која е по потекло од Србија изјави дека одлуката да се избере Мени Стул за најдобар претприемач во светот била донесена не само заради импресивниот раст на неговата компанија, туку и заради тоа што тој со негувањето на својата компанија остварил и одржлив глобален успех. “Неговата храброст била тестирана кога компанијата Moose Enterprise била соочена со повлекување  на производи од пазарот. Сите наши финалисти се достојни да победат и покажуваат исклучителни квалитети, вклучувајчи и способност да одговорат на предизвоците во работењето”, изјави Мекдоналд.

Марк Вајнберг, глобален претседател и извршен директор на компанијата EY потенцира дека „Moose Enterpise има многу јасна цел. “Tоа е својата компанија да ја води кон извонреден раст. Тоа се рефлектира преку способноста целта на компанијата да се комбинира со иновирање, интегритет и одлучност, што Мени го прави прв победник на Светскиот EY претприемач на годината“, вели Вајберг.

EY nagrada
EY Светски претприемач на годината е најпрестижното признание за претприемачи. Оваа единствена награда ги поттикнува претприемачите со потенцијал и оддава признание за придонесот на луѓето кои ги инспирираат другите со нивната визија, лидерство и достигнувања.

Како прва глобална награда од овој тип, Светски претприемач на годината ги наградува тие што градат и предводат успешни, растечки и динамични бизниси. Во трката за престижната награда во претприемништвото годинава учествуваа 55 национални победници и носители на признанието EY Претприемач на годината од 50 земји.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×