МЕПСО организира десетдневна практична настава за прилепски средношколци
Објавено на од во Компании
Група прилепски ученици од средното техничко училиште „Ристе Ристески-Ричко“ за првпат се на десетдневна феријална практична настава во трафостаницата на МЕПСО во Прилеп.
mepsoУчениците ќе добијат практични знаења од предметот „Разводни постројки“ кои ќе им ги пренесат стручните лица кои работат во трафостаницатa „Прилеп“. Ова е дел од проектот на МЕПСО за општествена одговорност со кој се афирмира електротехничката струка во средните училишта во шест градови во кои МЕПСО има свои трафостаници.
Неодамна, МЕПСО и прилепското средно училиште го потпишаа Меморандумот и е основа за плодната меѓусебна соработка од која, еден аспект е практичната настава за учениците од електротехничката струка. Освен практиката, МЕПСО отвори можност за донации во проекти кои го унапредуваат образовниот процес, а се разгледуваат и опциите за донирање високонапонска опрема во функција на нагледните средства за училиштето.
Како што информираат од МЕПСО, за подобрување на квалитетот на практичната настава за учениците е можноста, во претстојната учебна година, да ги следат активностите на модернизацијата на трафостаницата „Прилеп“.  Имено, неодамна МЕПСО склучи договор за модернизација на трафостаницата „Прилеп“ која вклучува промена на досегашната опрема, која е во функција 40 години,  со нова високонапонска опрема. Станува збор за вградување нови прекинувачи, разделници и мерни трансформатори и нова опрема за контрола и далечинско управување со трафостаницата, нов систем за мерење електрична енергија и нов систем за релејна заштита. Вредноста на овој проект е 1,1 милиони евра, а изведувачи се „Кончар КЕТ“ од Хрватска и домашната компанија „Елтек“. Овој проект ќе овозможи Прилеп и неговата околина да добијат стабилно и сигурно снабдување со квалитетна електрична енергија во наредните 20 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×