Mercedes-Benz електромобилот на Македонецот Таневски, главна атракција на саемот во Франкфурт
Објавено на од во Автомобилизам

Досега вториот Mercedes-Benz автомобил, именуван Concept EQA, целосно дизајниран од македонскиот дизајнер Славче Таневски, утринава премиерно е претставен на саемот во Франкфурт.

Concept EQA е прво електрично возило на Mercedes-Benz во компактната класа и е придвижувано од два електрични мотора поставени во предниот и задниот дел на возилото со вкупна моќност од над 200 KW. Slavce Tanevski 1 1

Опсегот на движење со помош на батеријата е околу 400 километри, во зависност од капацитетот на инсталираната батерија.

Овој напреден автомобил претставува и сосема нова, иновативна технологија на ласерски светла, со специфичен изглед. EQA 1

„Нашата иницијатива за електрични возила постепено се зголемува. До 2022 година, Mercedes-Benz ќе лансира повеќе од 10-тина електрични возила, а новиот модел Concept EQA е доказ за сериозноста во намерите на Daimler за производство на електрични возила“, изјави првиот човек на Mercedes-Benz, Дитер Цече.

На саемот за автомобили во Франкфурт, Mercedes-Benz го претстави и првото возило во светот, GLC F-CELL, кое како погон користи комбинација од струја и водород. Со количина од само 4,4 кг водород, ова возило е во можност да прејде 437 км, како и дополнителни 49 км со помош на струја од батеријата. Новиот GLC F-CELL ќе има моќност од 147 KW.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×