Profile CEO: Мери Бара, Џенерал Mоторс
Објавено на од во луѓе и компании
Кога  Мери Бара го замени Дан Акерсон како извршен директор на Џенерал Моторс во 2013 година, стана првата жена во историјата, на чело на глобален производител на автомобили. Веднаш доби тешка задача: враќање на довербата во компанијата, чијашто наводна небрежност резултираше со смрт на 20 лица.

 

Мери Бара е во Џенерал моторс целата нејзина кариера. Таа ги надмина сите предизвици со кои мораше да се справи таму, а сега, таа се соочува со задачата за враќање на довербата, по низата на смртни случаи и мрачни откритија, пишува European CEO.

Со децении, автомобилскиот гигант Џенерал моторс (ЏМ) е задушен од архаично, несовремено корпоративното управување. Бара како нов извршен директор на американскиот автомобилски гигант, е задолжена за менување на целата култура на компанијата – нешто што не е мала задача во денешниот свет.

ЏМ е глобална институција. Основана во  Мичиген, во градот Флинт во 1908 година, ЏМ го помина минатиот век присутна во дури 157 земји. Од своите канцелариивооблакедорот што е седиште на компанијаа,  во „’рѓосаниот индустриски град Детроит“, мултинационалната корпорација го надгледува производството на речиси 10 милиони возила годишно. На нивната изработка, транспорт и продажбаработат повеќе од 200.000 вработени низ целиот свет.

Компанијата има причини за гордост, пред с$ производството на низа брендови што ги остава на САД како наследство, како што се Шевролет и Кадилак, но и  рационализација на европските и азиски автомобилски современици. Со тој вид на глобално влијание, не е тешко да се разбере зошто ЏМ е значаен двигател на економијата на САД. Сепак, како и многу други мултинационалникомпании, и овој гигант се соочува со проблеми.

 

Meri Bara1
Борба со вкоренетата неефикасност

Недостатокот на лична одговорност и решителна акција во рамките на организацијата ги задуши напредокот во период од речиси 30 години, што доведе до скапи и неповолни инвестиции и спорни одлуки на менаџментот. На кратко, ЏМ беше брод што тоне. Сепак, поради што бродот е голем глобален работодавец,  беше едноставно премногу голем за да потоне. Американските даночни обврзници мораа да платат 50 милијарди долари за ЏМ за да се задржи во живот во 2009 година – и иако фирмата оттогаш се извади од банкрот и конечно ужива зголемување на приходите, таа с$ уште има проблеми.

Од почетокот на оваа година, ЏМ се бори да го преживее серија на  срамни повлекувања  автомобили – нешто што ја чини стотици милиони долари. Доказите покажуваат дека Бордот на директори знаел за грешките во нивните возила, со години, и дека нивната огромна потреба да се следи долгата бирократска процедура одзеде 20 човечки животи, преку несреќи. Членовите на одборот сега се надеваат дека новиот Главен извршен директор на GM можеби го држи клучот за спас на компанијата.

Бидејќи двата најголеми проблеми на фирмата се бирократијата и недостатокот на „свежа крв“,  природно е да се претпостави дека одлуката за именување на работникот кој помина целиот свој работен век на ЏМ за нов генерален е далеку од паметна, но 52-годишната Мери Бара веќе почна да ја менува институцијата на која се искачи на самиот врв. Бара е родена во Мичиген во екот на индустриска сила на Детроит, а татко и работел во ЏМ на брендот Понтијак. Веднаш по напуштањето на факултетот во 1980 година, таа ја започнува својата кариера во ЏМ како „студент во подем“ во Понтијак мотор дивизијата. Таа брзо напредува и дипломира во електротехниката во 1985. Од таму, Бара оди да работи на истражување на голем број на инженеринг позиции во фабриката на Понтијак во Фиеро.  Нејзините способности се набрзо признаени и добива ЏМ стипендија да продолжи со образованието. Во 1988 година е испратена во Stanford Graduate School of Business, каде што добива МБА, а дипломира меѓу првите 10 од нејзината класа. По враќањето на работа, таа почнува веднаш да ја докажува својата вредност.

General Motors Offers Stocks At $33 A Share For Initial Public OfferingЏенерал моторс во бројки

1908 – основана

212,000 – вработени

155 милијарди  долари – приходи во 2013

396 – фабрики  во светот

 

 

 

Низ 1990-тите, Бара има голем број на различни работни позиции, вклучувајќи ја и таа како извршен асистент на поранешниот извршен директор Џек Смит. Но, по неколку години, конечно ја добива својата прва голема улога во ЏМ во 1999 та, како генерален директор за внатрешни комуникации на ЏМ  - Северна Америка. Таму, таа го трансформира Одделот за комуникации на компанијата буквално преку ноќ, а преживува и горчлив штрајк на синдикатот цели 50 дена.

Таа продолжува да ангажира и да обучува нова мрежа на специјалисти, кои се во можност да ги стоплат односите на фабриката со синдикатите. За помалку од две години, воведува јасна линија на комуникација. Од тогаш, Одборот ја препознава како мислител со моќ да ги менува работите. Во 2003 година, од неа е побарано да го примени истиот дух во неуспешниот производствен капацитет во Детроит. Со воведувањето на автоматизацијата и ефикасноста на низата мерки, стратегијата за управување на Бара брзо заработува голем број на награди за квалитет и е заслужна за производство на побезбедна работна средина.

Тој пресврт и носи поголеми одговорности. До 2004 година, таа е именувана за нов извршен директор на GM на Возила Производство Инженеринг. После пет години, извршниот директор Фриц  Хендерсон одлучува дека е време повторно да ја стави Мери Бара на тест давајќи и нов предизвик – потпретседател на одделот за човечки ресурси, иако таа претходно нема никакво искуство во таа област. Но, годината беше 2009 та, а американскиот автомобилски  гигант штотуку беше принуден да прогласи банкрот. Претседателот Барак Обама ги замоли граѓаните на Америка да ја поддржат финансиската помош на ЏМ, а во замена за тоа Владата на САД очекува компанијата да ја доведе својата куќа брзо во ред. Хендерсон мислеше  дека  Бара може да помогне во ефикасноста на одделот за човечки ресурси преку намалување на бројот на вработени. ЏМ мораше да отпушти  десетици илјади работници, како и да изврши ремоделирање на компаниската култура.

 Баланс

Бара брзо прераснува во „рок ѕвезда“ на компанијата. Кога таа е назначена за нов ЏМ висок потпретседател за глобален развој во 2011 година ја добива најважната улога дадена на жена во ЏМ, а истовремено станува и највисоко рангирана жена во глобалната автомобилска индустрија воопшто. Нејзе и е дадена слобода во владеење над буџетот тежок 15 милијарди долари и 29.000 вработени на пет континенти.. Во својата прва година на работа, таа го обновува застарениот инженеринг и ЏМ започнува со развојот на нови платформи. Од 2013 година, таа е самостојно одговорна за укинување на системот на управување во кој повеќе директори се одговорни за развој на секоја одлука. Во декември 2013-та кажано и е дека ќе го замени Ден Акерсон на позицијата генерален извршен директор.

 

Meri Bara2

Бара не беше на работното место еден месец кога се донесе одлука да се повлечат милиони возила со прекинувачи со погрешно палење. Различни членови на одборот презентираа фатални недостатоци во некои од нејзините возила за најмалку две години. Тука следува грешка во корпоративното управување, па наместо да се издаде соопштение, одборот заглавува со протокол со формирање на комисија која ќе биде ангажира да поднесе извештај за проблемот. Друга комисија пак ги надгледуваше внатрешните извештаи, за што требаа месеци. Потоа, уште една комисија ја презеде задачата за читање на овој извештај. Додека се постигна консензус како да се реагира 20 лица загинале. Никој не беше изненаден; Впрочем, овој вид на реакционерните управувања стана главен во корпоративната структура на владеење на ЏМ. Претприемач и политичар Рос Перо  на најдобар начин ја укажа оваа слабост со коментар “Во ЏМ, првото нешто да направите е да организира комисија на змии. Потоа ќе се донесе консултант кој знае многу за змии. Трето нешто што го правите е да се зборува за тоа за една година. ”

Брзи реакции

Неспособноста на комисиите да дејствуваат веќе ја ЏМ чини повеќе од 1 милијарда долари. Најмалку 600 милиони долари само се резервирани за компензација на жртвите. Во таа смисла, може да се тврди дека Бара беше повеќе или помалку фрлени пред автобус во преземањето на највисоката функција во ЏМ, а нејзините први неколку месеци како извршен директор поминаа во знакот на кавга на конгресните комисии со политичарите во врска со скандалот. Во реалноста, именувањето на Бара е контроверзно огнено крштевање. Но, таа се обиде да профитира од оваа криза со спроведување на потребните промени во корпоративна култура на фирмата.

Таа не бара само да се подобри комуникацијата. Во нејзините први девет месеци на работа, примарен фокус е да се смени начинот на кој ЏМ директорите се однесуваат. Тие имале навика да се збиваат заедно во комисии за најдобро да ја избегнат одговорноста кога има лоша вест. Бара тоа го разбива и нејзиното искуство во човечки ресурси и комуникации несомнено ќе помогне за авангардни напори за искоренување на ваквото однесување.

Во 34 години кариера за ЏМ, Мери Бара никогаш не се сретнала со еден предизвик, што таа не може да го надмине. ЏМ го одржува своето влијание на глобалниот авто пазар. Во моментов, вековната фирма го слави враќањето на инвестициите во одделението за кредитен рејтинг, подобрување на цените на акциите и се враќа до четвртина на профитабилноста. Под нејзино туторство, ЏМ им вели збогум на деновите на минимални иновации.  До 2016 година,  таа вети дека ќе достигне 10 проценти од профитот во Северна Америка и да ги поврати профитите од Европа. Во 2017 година, таа има за цел да се направи нов Кадилак. Сето тоа започнува со подобро корпоративно управување што ги прави луѓето одговорни за нивните одлуки.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×