Меркел: Британија нема да ги задржи правата во ЕУ што ги има како членка
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека по напуштањето на Европската унија Велика Британија нема да ги задржи истите права и привилегии што ги има како членка на Унијата.

Во Бундестагот Меркел рече дека „мора да разјасни, зашто има чувство дека некои во Британија уште имаат илузии, што е губење време“.

Таа рече дека Европа и натаму ја гледа Британија како близок партнер, но таа ќе биде аутсајдер, и како таква „не може и нема да ги има истите права, или да биде во подобра позиција од земјите членки на ЕУ“.

„Сите 27 членки на ЕУ и европските институции се сложија со тоа“, изјави Меркел, и додаде дека Британија мора да учествува во конструктивниот дијалог, и да соопшти како ја гледа својата идна врска со ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×