Меркел го поддржа германецот Вебер во желбата за наследник на Јункер на чело на Европската комисија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Merkel VeberГерманскиот конзервативен политичар Манфред Вебер ја најави својата кандидатура за највисоката функција во Европската Комисија во пресрет на изборите за ЕУ парламентот во мај следната година.

Доколку биде избран Вебер ќе стане првиот Германец на чело на Европската Комисија по пауза од 50 години. Манфред Вебер е член на Христијанско социјалната унија (ЦСУ)- сестринска партија на Христијанско демократската унија на германската канцеларка Ангела Меркел. 46-годишниот политичар кој во моментов ја предводи групата на Европската народна партија (ЕПП) во парламентот, наводно ја има поддршката на својата ЦСУ, но и на Меркел.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, го поддржа лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, во неговата желба да го наследи Жан Клод Јункер за претседател на Европската комисија. Изборот треба да биде следната година.

„Мораме да чекаме до последната номинација”, рече Меркел, додавајќи дека сè уште има многу чекори пред Вебер да стане следниот претседател на Европската комисија, објави „Ројтерс“.
Доколку ја добие поддршка и од ЕПП на партискиот конгрес во Хелсинки на 9 ноември, тој ќе има големи шанси да го замени актуелниот претседател на ЕК Жан Клод Јункер по изборите во мај следната година.
За избор на чело на Комисијата, кандидатите треба да ја обезбедат и поддршката на лидерите на држави и влади на земјите-членки на ЕУ.
Ниту еден друг политичар досега не најавил кандидатура за функцијата, но се шпекулира дека меѓу заинтересираните се поранешниот фински премиер Александер Стуб и главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние.
Агенциите прогнозираат дека Вебер ќе се соочи со отпор не само меѓу конзервативците, туку и од страна на францускиот претседател Емануел Макрон и други водечки политичари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×