Меркел: Грција да ги почитува обврските кон кредиторите
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

Германската канцеларка Ангела Меркел очекува новата грчка влада да ги почитува своите обврски кон меѓународните кредитори, изјави денеска портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт.

„Важно е новата влада во Атина да преземе мерки за да го продолжи економското закрепнување на Грција и да се придржува до преземените обврски“, изјави Зајберт за новинарите во Берлин.

Од друга страна, претседателот на Еврогрупата, Јерун Дајселблум ја предупреди Грција дека нејзиното членство во еврозоната зависи од почитувањето на претходните аранжмани.

„Членството во еврозоната подразбира да ги почитувате сите претходно преземени обврски“, изјави Дајселблум по доаѓањето во Берлин на состанокот на министрите за финансии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×