Меркел и Макрон организираат конференција за Западен Балкан на 29 април во Берлин
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Германската канцеларка и францускиот претседател сакаат да расправаат со гостите за посебните предизвици во регионот, особено за Србија и Косово.
меркел макронГерманската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ќе организираат кон крајот на април во Берлин конференција на која се поканети земјите од Западен Балкан, но и Хрватска и Словенија, како и претставници на Европската Комисија.
„На конференцијата на 29 април се очекуваат најмногу претставници од тие земји“, изјави портпарол на германската Влада.
Главна тема на разговорите треба да биде стабилноста и поволниот развој на регионот.
Германската канцеларка и францускиот претседател сакаат да расправаат со гостите за посебните предизвици во регионот, особено за Србија и Косово.
Германија и Франција се иницијатори на т.н. Берлински процес, кој почна во 2014 година, со цел стабилизација на безбедноста и подобрување на политичките и економските односи меѓу земјите од Западен Балкан.
Идната конференција во рамки на Берлинскиот процес ќе се одржи на почетокот на јуни во Полска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×