Меркел и Оланд денес во Берлин ќе бараат решение за мигрантската криза
Објавено на од во Политика

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција, Франсоа Оланд денес ќе се сретнат во Берлин каде ќе разговараат за напорите на Европската унија да се справи со најголемата мигрантска криза во последните 50 години, пренесува српски „Блиц“.

Освен тоа, двајцата државници ќе разговараат и на тема Украина, па поради тоа, подоцна во текот на денот ќе им се придружи и претседателот на Украина, Петро Порошенко.

По средбите, Меркел, Оланд и Порошенко ќе одржат заедничка конференција. На средбата нема да учествува рускиот претседател Владимир Путин. Поради тоа, еден од украинските извори вели дека неучеството на рускиот претседател Путин на состанокот во Берлин, укажува на тоа дека Франција и Германија се на страната на Украина, но француски извор остро негирал дека постои било каква „дипломатска војна против Русија“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×