Меркел и Путин во телефонски разговор: Забрзајте ги разговорите за транзит на гас
Објавено на од во Политика
Германската канцеларка Ангела Меркел се договори преку телефон со Владимир Путин за потребата од забрзување на преговорите за идните договори за транзит на гас, oва го соопшти денеска германската влада.
severen-potok-2-mapa-e1552403024214„Тие ја истакнаа итноста за забрзување на преговорите за идните договори за транзит на гас“, рече портпаролот на германската влада.
Германија побара Украина да продолжи да служи како транзитна земја за гас кон Европа по отворањето на гасоводот „Северен поток“ 2.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да воведе санкции за проектот за гасоводот Северен поток 2, одговарајќи на новинарско прашање за евентуални американски санкции против гасоводот.
Трамп рече дека тој е првата личност кој предложил да се направи нешто за она што го нарекува „проблемот со гасоводот“.
„Јас сум тој кој прв го покрена проблемот со гасоводот во кој Русија дава огромен процент енергија. Знаете дека тој гас влегува во Германија. Јас велам: Како можете да го правите тоа?“, рече Трамп за време на посетата на полскиот претседател Анджеј Дуда во Белата куќа.
Американскиот претседател изјави дека САД, со спротивставување на проектот, „ја штитат“ Германија од тоа да стане премногу зависна од Русија.
„Германија прави огромна грешка со тоа што премногу се потпира на гасоводот. Но Германија повторно го гледа својот интерес и добро се справува. Бев критичен. Бев критичен кон енергијата што ќе ја испорача овој гасовод“, рече Трамп.
Северен поток 2 е заеднички проект на рускиот енергетски гигант Газпром и пет европски компании. Негова цел е да испорачува 55 милијарди кубни метри руски природен гас годишно директно до Германија и други европски земји преку гасовод на дното на Балтичкото Море.
Проектот за гасоводот го поздравија некои земји во Европа, но останатите му се спротивставија, изразувајќи загриженост за евентуална опасност од зависност на Европа од Русија и намалување на улогата на Украина при транзитот на руски гас.
Русија во неколку наврати повтори дека нафтоводот е чисто комерцијални проект.
Во меѓувреме САД, кои се стремат да го промовираат својот течен природен гас во Европа, се еден од најголемите противници на изградбата на гасоводот Северен поток 2 и ги повикуваат европските партнери на Газпром да се повлечат од проектот или ќе им бидат воведени санкции.
Европскиот парламент усвои Резолуција за политичките односи меѓу ЕУ и Русија, со која, меѓу другото, се бара и запирање на изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.
Резолуцијата предвидува и можност за проширување на санкциите кон руски граѓани, ограничување на пристапот на Русија до финансии и технологии, како и можност Русија повеќе да не биде сметана за стратешки партнер на ЕУ.
Резолуцијата е усвоена со 402 гласови „за“, 163 „против“ и 89 „воздржани“.
Во документот, претставен од летонската европратеничка Сандра Калниете, се наведува дела „ЕУ е должна да биде подготвена за воведување дополнителни санкции, вклучително и санкции кон поединци и ограничен пристап до финансии и технологии, доколку Русија продолжи да го крши меѓународното право“.
Резолуцијата повикува и на можност за забрана за издавање визи и блокирање на смети и имоти на руски државјани на територијата на ЕУ.
Посебен дел во Резолуцијата е посветен на гасоводот „Северен поток 2“ за кој се оценува дека ќе ја зголеми зависноста на ЕУ од руски гас, дека го загрозува внатрешниот пазар на ЕУ и дека не е во согласност со енергетската политика и стратешките интерси на Унијата, поради што неговата изградба треба да биде запрена.
Со Резолуцијата се оценува дека „во сегашни услови Русија попвеќе не може да се смета за стратешки партнер“ на ЕУ, бидејќи повеќе не се почитуваат одредбите од договорот за партнерство и соработка, поради што тој треба да биде преразгледан.
Резолуцијата ги повикува земјите членки на ЕУ на „понатамошна координација и усогласување“ на нивните надворешни полкитики кон Русија.
Во документот се заклучува дека ЕУ како и досега е отворена за зајакнување на односите и дијалогот со Русија и дека би сакала обнова на поранешната сорабока со Москва, доколку руските власти ги исполнуваат своите правни и меѓународни обврски.
„Актуелните несогласувања и конфронарции меѓу ЕУ и Русија не се во интерес на ниту една од двете страни, па затоа каналите за врска треба да останат отворени и покрај разочарувачките резултати, бидејќи новите поделби на континентот ги загрозуваат безбедноста и на ЕУ и на Русија“, се заклучува во Резолуцијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×