Меркел ќе го уверува Обама дека уште има шанси за дипломатско решение на украинската криза
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Вашингтон, каде денеска ќе се обиде претседателот на САД, Барак Обама, да го одврати од намерата да одобри испраќање американско вооружување за Украина. Состанокот се случува два дена пред мировната конференција што ќе се одржи во Минск (на 11 февруари) меѓу лидерите на Германија, на Франција, на Украина и на Русија.

Меркел не е единствена која се залага за дипломатско решение на украинската криза, наспроти военото, кон што де факто би се направил одлучувачкиот чекор, ако Обама подлегне на притисокот на одредени функционери во Вашингтон, како републиканскиот сенатор Џон Мекејн, кои бараат воено да му се помогне на Киев. Против снабдувањето на Украина со американско одбранбено оружје, како противтенковски ракети, се изјаснија и германската министерка за одбрана, нејзината холандска колешка и данскиот колега.

Генералниот сектретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, оцени дека САД би ризикувале да предизвикаат подиректна интервенција на Русија во Украина ако на Киев му биде испратено оружје. И командантот на НАТО силите во Европа, Филип Бридлав, предупреди дека праќањето модерно оружје во Украина би можело да испровоцира остар одговор од Русија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×