Меркел: На Блискиот Исток „прашање на војна и мир“
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека на Блискиот Исток сега е „прашање на војна и мир“. Меркел со францускиот претседател Емануел Макрон повика на деескалација на напнатоста на Блискиот Исток, откако ноќеска Иран од Сирија го гаѓаше Израел кој возврати.

„Знаеме дека се соочуваме со екстремно комплицирана ситуација. Ескалацијата во последните неколку часа покажува дека навистина е прашање на војна и мир, и јас можам само да ги повикам сите вмешани да покажат воздржаност“, изјави Меркел на церемонијата за доделување на наградата Карло Великишто му беше врачена на претседателот на Франција.

Наградата Макрон ја доби поради, како што е образложено, неговиот придонес за европското единство и визијата за нова Европа.

Меркел и Макрон на маргините на манифестација во Ахен разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, и повторија дека двете земји остануваат верни на нуклеарниот договор со Иран од кој излегоа САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×