Меркел: Нема план „Б“ за бегалците, и натаму верувам во политиката на отворени врати
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Длабоко сум уверена дека патот по кој што тргнав е вистинскиот“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел за нејзината политика на отворени врати за бегалците, тврдејќи дека истата е од интерес на Германија. За Меркел нема план „Б“ за бегалската криза, иако, како што изјави таа во интервју за германската национална телевизија АРД, „не е лесно и патот е тежок“, порачувајќи притоа дека тие што размислуваат за Германија треба да размислуваат и за Европа и за регионите до Европа.

Канцеларката рече дека Европската унија не смее да дозволи Грција да „влезе во хаос“ поради приливот на илјадници мигранти кои сега се заглавени на грчка територија по блокадата на границите на земјите од балканската рута.

„Дали навистина мислите дека членките на Еврозоната се бореа до последно Грција да остане во заедничката монетарна унија за по една година да дозволиме земјата да биде во хаос?“, праша реторички Меркел чиј став е дека членките на ЕУ не смеат да ги затворат границите за бегалците и со тоа да ја остават Грција сама да ги решава проблемите.

Во услови на длабока поделба во ЕУ, канцеларката пред самитот на 7 март отворено покажа незадоволство од однесувањето на балканските земји предводени од членката на ЕУ, Австрија, кои координирано ги затвораат границите и со тоа создаваат тесно грло во Грција, додека во исто време од Турција продолжувааат да доаѓаат бегалци.

„Токму од тоа се плашам сега, дека некои држави ќе ги затворат своите граници а други ќе страдаат. Тоа не е мојата Европа“ , изјави Меркел за АРД.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×