Меркел од Атина: Договорот од Преспа е во корист на цела Европа
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

agkela-merkel-aleksis-tsipras“Договорот од Преспа не носи придобивки само за Северна Македонија која може да стане членка на НАТО и ЕУ, туку е во корист и на Грција и на цела Европа”, рече германската канцеларка Ангела Меркел по вчерашната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Меркел го нарече Преспанскиот договор „историски“ и му даде целосна поддршка на грчкиот колега пред ратификувањето на спогодбата со Македонија во грчкиот парламент.

Таа исто така истакна дека не постои никаква поврзаност меѓу решението на спорот со името со економските реформи во Грција како што тврдеше Кирјакос Мицотакис.

На средбата во премиерската палата во Атина, грчкиот премиер и германската канцеларка, покрај за Договорот од Преспа, разговараа и за европската перспектива на земјите од регионот.
Грчкиот премиер истакна дека Договорот од Преспа може во иднина да биде модел за решавање на спорови.
„Грција веќе не е земја во криза, туку дел од решението, треба да стане столб на стабилноста во регионот кој страда од дестабилизација и сила која ја промовира потребата за соработка во Југоисточна Европа”, изјави Ципрас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×