Меркел: Планот со Турција за бегалците останува приоритет за ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Земјите-членки на Европската унија со сите сили го поддржаа заедничкиот план со Турција за ограничување на приливот на бегалци во Европа, изјави германската канцеларка Ангела Меркел утринава, по повеќечасовните разговори со лидерите на државите од Унијата во Брисел.

„Денеска имам да соопштам нешто важно, а тоа е дека не само што го потврдивме Акциониот план на ЕУ и на Турција, туку и го прогласивме за приоритет“, рече Меркел, говорејќи за планот за заштита на надворешните граници на Унијата, справување со приливот на мигранти и сузбивање на илегалната миграција.

Како што рече канцеларката, и Австрија го поддржала планот и покрај нејзината еднострана одлука да воведе дневни ограничувања за влез на бегалци и мигранти.

„Во Европа сите секогаш сме партнери“, поентираше Меркел.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×