Меркел се заложи за продолжување на преговорите со САД за TTIP
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Германската канцеларка Ангела Меркел се заложи за продолжување на преговорите на Европската унија и на Соединетите Американски Држави за договорот за слободна трговија, што е на мртва точка од изборот на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Јас сум за продолжување на договорот за слободна трговија, што би овозможил заедничко решавање на сите проблеми“, изјави Меркел на економски форум организиран од нејзината Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Американскиот министер за трговија, Вилбур Рос, кој требаше да присуствува на конференцијата, но ја откажа посетата, во видео порака ја повтори решеноста на САД да се брани од дампинг цените на другите земји во одредени сектори, особено во областа на челикот и на алуминиумот.

Рос на крајот на мај рече дека САД се отворени за продолжување на преговорите со ЕУ за Трансатланскиот договор за слободна трговија (TIPP).

Преговорите за TTIP почнаа во 2013 година на иницијатива на тогашниот американски претседател Барак Обама, со цел укинување на царините меѓу САД и ЕУ и зголемување на трговската размена.

Продолжувањето на преговорите нагло беше прекинато со доаѓањето на Трамп на власт, кој повеќепати го критикуваше TTIP, тврдејќи во тек на кампањата дека овој договор е голема опасност за опстанок на повеќе милиони работни места во САД.

И во ЕУ некои земји го критикуваа договорот, сметајќи дека повеќе е во интерес на САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×