Мерки против Америка: Кина го ограничува извозот на металот „Ретка земја“
Објавено на од во Економија

Кина размислува да го ограничи извозот на метали од групата “ретка земја” во САД, објави кинескиот весник “Глобал тајмс”.

mediodia_WEBОвие ограничувања може да бидат само почеток на примената на кинески контрамерки во САД, објави кинескиот весник.

Во 2015 година, Кина ги укина ограничувањата на металите од групата “ретка земја”, откако го изгуби спорот пред Светската трговска организација (СТО) по тужбата на Америка, Европската унија и Јапонија.

Металите “Ретка Земја” се користат во технолошките инсталации и производството на опрема за одбрана.

Веста доаѓа откако преговорите меѓу Кина и САД траат подолго од очекуваното, бидејќи двете страни не успеаја да се договорат за нацрт-трговскиот договор.

САД воведоа нови царини за кинеските производи, па дури и го ставија на црната листа технолошкиот гигант Huawei, додека кинеските власти беа лути поради фактот што САД во последен момент додадоа нови барања кои “директно ќе влијаат врз политичката и социјалната стабилност во Кина”.

Во меѓувреме, кога се појавија првите извештаи за “застојот” на преговорите, американските официјални претставници ја обвинија Кина за избегнување на некои од наводните заложби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×