Мерцедес роботите ги замени со луѓе
Објавено на од во hi-tech & business

Изгледа роботите уште не се толку развиени да би можеле да ја заменат човековата рака, а доказ за тоа е и последниот потег на германскиот авто – гигант кој одлучи да вработи луѓе за работата што претходно ја правеа роботите, пренесуваат светските медиуми.

Познатата германска компанија за изработка на автомобили Мерцедес веќе ја нуди новата серија на купето С која има дополнителна опрема како на пример држач за чаши кои можат да греат и ладат, 4 различни капи за вентилите на гумите и слични опции кои роботите не можат да ги пратат.

mercedes-sclassДенешните роботи не можат да се носат со така индивидуалните барања на купувачите, па дел од работата во фабриката на Мерцедес во Синделфинген ја преземаа повторно луѓето.

Се чини дека опремата во новиот Мерцедес С покажа дека има многу барања кои сегашната генерација на роботи не може да ги направи. Луксузните автомобили веќе не се доволни и сѐ повеќе купувачи бараат персонализирани возила. Флексибилноста и спретноста на луѓето, што ја немаат роботите, ги враќа назат луѓето во монтажната линија на Мерцедес, каде до сега работеа роботите.

„Роботите не можат да се носат со личните барања на денешниот пазар на автомобили. Сметаме дека на овој начин штедиме пари и вложуваме во нашата иднина“, рече Маркус Шафер од Мерцедес.

Според него, иако луѓето ја преземаа оваа работа, роботите и понатаму ќе се занимаваат со работа како заварување, фарбање  и вградување на моторите.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×