Меси осуден на 21 месец затвор, но нема да лежи
Објавено на од во lifestyle

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, и неговиот татко Хорхе се осудени на 21-месечна затворска казна поради затајување данок, што нема да ја одлежуваат.

Најдобриот светски фудбалер и татко му се осудени од страна на шпанскиот суд поради проневера на над 4,5 милиони евра меѓу 2007 и 2009 година.

Даночната управа во Шпанија бараше драстични парични и затворски казни, но при фактот што Меси и татко му немаат криминално досие, а казната е помала од две години, за нив ќе нема затвор.

„Јас себе си се посветив на фудбалот. На татко ми и на адвокатите им ја доверив грижата за другите работи. Сигурен сум дека не сакале да ме измамат. Не знам ништо за ова, ниту тоа некогаш ме интересирало. Знам само дека потпишав договор и дека мора да се појавувам во реклами и да се фотографирам. Ништо (од договорот) не прочитав, ниту барав. Се сеќавам дека пред 10 години одев кај нотар, но не знам поради што – одамна беше“, изјави Меси при изложувањето на одбраната.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×