Меси со најголем договор во историјата останува во Барселона до 2021
Објавено на од во lifestyle

Откако со месеци се водеа расправи за тоа дали еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Лионел Меси, ќе го продолжи договорот со Барселона, договорот најпосле падна. Аргентинецот на Камп ноу ќе остане до 2021 година, со нов, историски договор.

Меси пред неколку дена се ожени со Антонела Рокуцо и моментално е на годишен одмор, но штом се врати во Барселона ќе го потпише договорот што му гарантира 570.000 евра неделна плата. Се работи за апсолутен рекорд – Меси ќе заработува 31,2 милиони евра годишно. За споредба, вториот најдобро платен фудбалер, Кристијано Роналдо, од договорот со Реал Мадрид има околу 24 милиони евра годишно.

„Сите во Барселона се задоволни со ваквиот расплет на ситуацијата и со тоа што Меси покажа голема приврзаност кон клубот. Тој е најдобар фудбалер во историјата. Целата професионална кариера ја помина во Барселона, и заедно со неа оствари неверојатен успех, каков што не е виден во историјата на фудбалот“, стои во официјалното соопштение на клубот.

Во новиот договор ставена е една битна клаузула, а имено за отштетата што некој клуб ќе треба да ја одвои доколку сака да го доведе Аргентинецот. Таа изнесува вртоглави 300 милиони евра.

Меси досега со Барселона освои осум титули шпански првак, четири во Лигата на шампионите, пет „кралски купови“, седум шпански суперкупови, три европски суперкупови. Во 583 натпревари одиграни за Каталонците, Меси запиша 506 погодоци, што го прави најдобар стрелец во историјата на клубот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×