Месиќ: Не беше потребна војна, можевме да имаме конфедерација
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ во интервју за Дојче Веле, дадено на маргините на Бизнис Форумот во Сараево, истакна дека регионот треба да ги надмине политичките бариери.
MesicЗапрашан да ја спореди моментната ситуација во БиХ со онаа пред повеќе од 30 години во поранешна СФРЈ, Месиќ истакна дека „војната воопшто не била потребна“.
„Војната заврши со повеќе од 100.000 загинати, а границите не се сменија ниту за еден милиметар. Значи оние кои сакаат своите политички цели да ги остварат преку војна, не успеаја, но оставија уништена економија, убиени, повредени… Таа војна е за секаква осуда!“, изјави последниот прв човек на Претседателството на СФРЈ.
Тој смета дека „можело да се постигне еден нормален политички договор, кој би се нарекол ’орочена конфедерација’ на три до пет години“.
„Ако одеа работите – добро, ако не одеа тогаш секој на своја страна, но како пријатели, и повторно заеднички ќе настапевме, но без ниту еден загинат“, додаде Месиќ.
Според него, оние кои посакувале војна очевидно успеале во тоа, но не ги оствариле своите цели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×