Мета бара итно решение за политичка криза и поради штетите кои и се нанесуваат на економијата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Политичката криза во која се наоѓа земјата, носи сериозни последици и за економијата, затоа мора итно да се најде решение за нејзино надминување, порача албанскиот претседател Илир Мета.
Ilir Meta elected Albanian PresidentТој на статус на Фејсбук додава дека првите негативни ефекти веќе се чувствуваат во областа на туризмот, каде состојбата операторите ја оценуваат како драматична.
„Посакувам успешна туристичка сезона. Но, за жал, политичката криза во земјата причинува многу сериозни последици и врз економијата. Првите ефекти почнуваат да се чувствуваат во туризмот и операторите ситуација ја нарекуваат драматична. Поради ова треба да се реагира итно, инаку сериозно ќе биде погоден туризмот и сите албански семејства кои својата егзистенција ја обезбедуваат од овој клучен сектор во нашата економија“, напиша Мета.
Според операторите, голем број резервации на туристички тури од странство се веќе откажани.
Политичката криза продолжува и покрај апелите кои редовно ги упатуваат и странските дипломати.Обеднетата опозиција не се откажува од барањата за заминување на премиерот Еди Рама и формирање преодна влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.
На тоа Рама ја повторува изјавата дека неговиот мандат што го добил од народот е до 2021 година и оти „со или без опозицијата локалните избори на 30 јуни ќе се одржат“.
Исто така Рама го обвини претседателот Мета дека досега воопшто не покажал интерес за надимнување на политичката криза бидејќи „никогаш не го поканил во неговиот кабинет да разговараат“. Ова следуваше по изјавата на Мета дека е во постојана комуникација со премиерот Рама околу длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата.
Во меѓувреме обединетата албанска опозиција најави дека на 25 мај ќе го одржи шестиот „национален протест“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×