Мета ги повика партиите на локални, парламентарни и претседателски избори на 13 октомври
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Пред денешната седница на Парламентот, на која е најавено формирање анкетна комисија што треба да испита дали претседателот Илир Мета го прекршил Уставот со уредбата за одложување на локалните избори, Мета се јави со став за законската ситуација по 30 јуни и надминувањето на политчката криза во која земјата се наоѓа со месеци.
ilir-metaВо изјава за медиумите, Мета наведува дека декретот за одложување на изборите на 30 јуни 2019 година, како ден за избор на органите на локалната самоуправа не бил оспорен од било која политичка сила или било кој друг политички или неполитички субјект пред било кој суд во Република Албанија, вклучувајќи го и Изборниот колегиум (Изборен суд).
Шефот на државата уште еднаш го истакнува фактот дека уредбата од 10 јуни 2019 година е во сила и задолжителна за имплементација од сите, нагласувајќи дека локални избори во земајата ќе има на 13 октовмри.
Меѓу другото претседателот наведува дека врз основа на изборниот законик, Изборниот колегиум не е надлежен да ја разгледува важноста на претседателските уредби, бидејќи ова право не е признаено ниту со Уставот, ниту со Изборниот законик или кој било друг закон што важи во Република Албанија.
„Во услови на нефункционирање на Уставниот суд, кој ќе мора да ги разгледа сите барања за уставноста на Уредбата на претседателот на Републиката, Социјалистичката партија(ПС) и Централната изборна комисија, со користење на Партијата за национално единство,која е сојузник на ПС на овие избори, исценираа процедурален чин за индиректно да ја анатемисаат одлуката на шефот на државата, со цел да се изгради пропагандна операција во и надвор од земјата, да се дезинформира дека уредбата на претседателот беше укината од страна на Изборниот колегиум“, посочува Мета.
За шефот на државата, сите изборни активности организирани и спроведени од страна на Централната изборна комисија на 30 јуни 2019 година, се процес на гласање целосно незаконски, неуставен, кој не создава правна последица.
Истакнувајќи ја оваа јасна правна ситуација дека изборите на 30-ти јуни не постојат законски и повторувајќи дека уредбата за 13-ти октомври е одлична можност да се гарантираат сеопфатни и демократски локални избори, претседателот Мета ги повикува сите да не се продлабочува патот на беззаконието, пристрасноста и конфликтноста.
Нагласувајќи ја тешката криза во која се наоѓа земјата, претседателот Мета ги повикува сите актери да му се придружат на неговиот предлог на 13 октомври освен за локалната власт „албанските граѓани да гласаат и за албанскиот Парламент и за претседател на Републиката“.
„Време е да се врати суверенитетот на сите граѓани на Албанија“, заклучува Мета.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×