Металургијата не само што не е поддржана, туку е и нападната
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Нормални цени на транспортот и енергенсите, стимулации како за индустрија која отвора најголем број работни места по примерот на развиените држави, поголема толеранција во однос на еколошките стандарди се само дел од барањата кои ги истакнаа претставниците на металуршката и металопреработувачката индустрија во Македонија.

metalurgija komora

Тие испровоцирани од заклучоците на најновата студија на Стопанската Комора на Македонија („Идентификација на генерирачките потенцијали на носечките индустриски сектори во Македонија низ примерот на проучувањето на улогата и важноста на индустријата за основни метали во националната економија“) која беше презентирана денеска , ПОТЕНЦИРАА дека нивниот сектор кој според сите статистики има огромен придонес во домашната економија, неправедно се занемарува па дури и напаѓа.

„Оваа индустрија не само што не е подржана туку е и нападната од сите страни, а нејзината улога постојано се занемарува. Затоа денеска ја презентираме оваа студија која јасно го сублимира сиот придонес кој оваа индустрија го има во вкупната економија. Очекуваме таа да е еден во чекорите во нашата истрајна борба за подобар третман кон овој носечки индустриски сектор“ изјави претседателот на Стопанската Комора на Македонија, Бранко Азески.

Самите компании се повикаа на странски примери и искуства докажувајќи на таков начин дека Македонија води несоодветна политика кон металуршкиот сектор.

„Ние плаќаме најскап гас, енергенси и транспорт, имаме законски пречки за обезбедување на суровини,а еколошките проблеми државата ги решава со просто затворање на компаниите. Тоа е апсурд кој го нема никаде во светот, особено не кога се работи за индустрија со толкав огромен придонес како во финансискиот дел тако и во делот на вработувањата. Затоа по примерот на поразвиените економии бараме оваа индустрија да си го добиеме заслуженото место во целокупната економија со сите привилегии кои и следуваат. Конкретно во Македонија треба драстично да се зголеми поддршката на државата кон овој сектор за таа да добие само нормален, а не привилегиран третман како што во многу држави го има “ истакна претседателот на управниот одбор на Макстил, Минчо Јорданов.

Околу резултатите од самата студија најмногу зборуваше ко авторот Митко Кочовски кој воедно е и претседател на здружението на металурзи при СКМ и директор за стратегиско планирање во Макстил.

„Долго време бевме посочувани дека сме стара индустрија во изумирање како на домашно така и на светско ниво. Бројките не го покажуваат тоа. Напротив  јасно се укажува дека неосновано се форсираат услужните дејности ако зад нив не стои производството. Едноставно нема услуга без производство. И затоа нашето залагање, е ако веќе се субвенционираат бизниси во Македонија како што е случајот со странските компании кои минимално придонесуваат за нашата економија тогаш да се стимулираат и субвенционираат оние кои имаат навистина значаен придонес.“

Квантификациите содржани во студијата покажуваат директно учество во БДП од 5,73% и релативно учество во БДП од 33,53% и учество во националниот извоз од 31,5%. Се смета дека металургијата како сектор индиректно генерира околу 25.000 работни места.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×