Методија Мирчев
Главен извршен директор на
А1 Македонија
Капитал: А1 Македонија ја држи лидерската позиција на македонскиот телекомуникациски пазар, особено во мобилниот сегмент. Како успевате да го задржите тоа лидерство на пазар кој е екстремно динамичен, технолошки интензивен и со бројни предизвици?
Мирчев: Лидерството во телекомуникациската индустрија е динамичен процес и постојана заложба да се биде чекор пред времето, технологијата, и пред се, да се биде чекор пред очекувањата и потребите на корисниците. Во А1 Македонија го разбираме лидерството како секојдневна одговорност која бара визија, храброст и дисциплина во изведбата и испораката. И на тоа не гледаме само како одржување на позицијата на пазарот, туку и градење доверба, континуирано иновирање и создавање дополнителна вредност за нашите корисници.
Оваа позиција не произлегува од само една изолирана одлука или активност, туку е резултат на долгорочна и внимателно изградена стратешка посветеност. Ние во А1 Македонија инвестираме постојано во инфраструктурата и напредните технологии со цел да обезбедиме извонредно и доследно корисничко доживување без разлика дали се работи за мобилна комуникација, дигитални услуги или иновативни решенија што го надминуваат традиционалниот модел на нашата индустрија.
Нашата стратегија одамна ја надмина рамката на класичната дигитализација. Денес, активно работиме на редефинирање на целото дигитално искуство, креираме услуги што не само што ги исполнуваат потребите на денешниот корисник, туку и ги предвидуваат неговите идни очекувања. Во таа насока, веќе успешно интегрираме генеративна вештачка интелигенција која овозможува 24/7 интеракција, персонализирани препораки и контекстуално разбирање создавајќи вредност која е реална, директна и мерлива.
Она што не издвојува е и нашата храброст да се движиме надвор од core-бизнисот, развивајќи non-core производи базирани на технологија, кои ги решаваат секојдневните предизвици на нашите корисници. Тие решенија се јасен доказ за нашата амбиција за поставување на нови рамки, надвор од досегашните традиционални услуги и производи на пазарот.

Не сме тука да го следиме пазарот туку да го предводиме. „Нешто чудесно засекогаш“ значи дека целото A1 искуство, од интернет и мобилна телефонија, до телевизиски и стриминг услуги како Netflix, HBO Max и SkyShowtime е обединето, беспрекорно, достапно, и константно. Притоа корисниците да имаат можност за избор, промена и персонализирано “кроење” на услугите.
Затоа, не, не се плашиме од големи ветувања, напротив, „Чудесно засекогаш“ не значи совршенство, туку постојана амбиција како компанија да бидеме подобри, побрзи, попаметни и поблиску до реалните потреби на луѓето, нашата цел е да бидеме партнер на нашите корисници
Постојано ги следиме, потребите на корисниците, но уште поважно, ги предвидуваме нивните очекувања и начинот на кој комуницираат, работат и живеат.
Нашиот пристап ни овозможува не само да одговориме на денешните барања, туку и да бидеме подготвени за утрешните предизвици. Секогаш со корисникот во центар на се што правиме.
Дополнително, со цел да го скратиме времето потребно за пласирање на производите до крајните корисници интензивно работиме на внатрешна трансформација преку автоматизација, дигитализација и воведување на вештачката интелегенција – каде што е применлива. И не само што ја зголемуваме оперативната ефикасност, туку и обезбедуваме поинтуитивни, побрзи и персонализирани услуги. Тоа е дел од нашето убедување дека дигиталната трансформација не е еднократен проект, туку континуиран процес што бара постојана адаптација, експериментирање и учење – во кое како компанија вложуваме многу.
На крајот, она што навистина ја зацврстува нашата лидерска позиција е довербата што секојдневно ја добиваме од повеќе од еден милион корисници. Токму таа доверба не обврзува не само да се прилагодуваме на пазарот, туку и да го обликуваме преку одговорно, иновативно и смело лидерство кое го става корисникот во центарот на се што правиме.
Капитал: Господине Мирчев, телекомуникациската индустрија на глобално и локално ниво е во фаза на трансформација. Каде е Македонија во оваа слика и како А1 ја дефинира својата стратегија во тој контекст?
Мирчев: Во својата основа, телекомуникациската индустрија денес не е само сектор што обезбедува пристап до мрежи, туку е платформата врз која се гради економијата на 21-виот век. Клучните двигатели на оваа трансформација се технологии како 5G, cloud инфраструктури, вештачка интелигенција (AI), Интернет на нештата (IoT) и edge computing. Тие го менуваат начинот на комуникација, работата и сеопфатната поврзаност.
Според извештајот на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), Македонија е регионален лидер во „digital readiness, особено во развојот на инфраструктурниот капацитет, вклучувајќи широкопојасен интернет, 4G и 5G технологии, дигитална администрација, регулаторна усогласеност и економски раст преку дигитални услуги.
Во оваа динамична средина, А1 Македонија игра клучна улога. Компанијата активно го проширува своето оптичко покривање со цел да обезбеди брз и стабилен интернет за што поголем број домаќинства и компании во земјата. Со значајни инвестиции работиме на зголемување на покриеноста со оптичка мрежа во наредните години, обезбедувајќи основа за дигиталната трансформација на целата земја.
Во областа на мобилната телефонија, со покриеност на 99,8% на населението со 5G технологијата продолжуваме да вложуваме напори за зголемување на бројот на смарт уреди во мрежата, со цел корисниците да можат целосно да ги искористат предностите на новата технологија и поголеми брзини, поголем капацитет и ниска латентност. Овие карактеристики се од суштинско значење за денешните иновативни апликации, како и за идните дигитални решенија што ја обликуваат иднината.
Дополнително, А1 Македонија, како дел од А1 Телеком Австрија Групацијата, телекомуникациски гигант присутен во 7 земји во Централна и Источна Европа овозможен и е пристап до глобални технолошки партнерства и експертски знаења, од тука А1 Македонија има можност да соработува со водечки компании како Google, Apple, Microsoft, Netflix и други, носејќи иновативни услуги и искуства на домашниот пазар. Ваквите партнерства се клучни за воведување напредни решенија, како што е интеграцијата на стриминг платформи, cloud решенија и AI-базирани сервиси.
Капитал: Со најновата кампања најавивте нешто чудесно и тоа засекогаш. Дали си земавте преголема обврска за да ги задоволите корисничките побарувања?
Мирчев: Кога стоите зад ветување како „чудесно засекогаш“, тоа не е само слоган, тоа е став. Поставуваме високи очекувања, и токму тоа ни беше целта. Денешните корисници не очекуваат само добра услуга туку очекуваат искуство кое е конзистентно, паметно, брзо и персонализирани. И што е можеби најважно, конзистентно – Секогаш.

Она што навистина ја зацврстува нашата лидерска позиција е довербата што секојдневно ја добиваме од повеќе од еден милион корисници. Токму таа доверба не обврзува не само да се прилагодуваме на пазарот, туку и да го обликуваме преку одговорно, иновативно и смело лидерство кое го става корисникот во центарот на се што правиме.
Во нашата компанија, трансформацијата започна „одвнатре“. Инвестиравме во работната средина: од аналогни процедури преминавме на интегрирани, cloud-базирани системи за управување со ресурси. Воведовме алатки за колаборација, автоматизирана анализа на кориснички потреби и хибриден модел на работа. Сеуште инвестираме и настојуваме да ја доведеме трансформацијата во секојдневно работење но клучот, сепак е промена на менталитетот – затоа како компанија инвестираме во интерна култура и знаење на нашите вработени.
И да, тоа е голема обврска. Но, веруваме дека токму сега е моментот каде се истакнува нашата храброст. Не сме тука да го следиме пазарот туку да го предводиме. „Нешто чудесно засекогаш“ значи дека целото A1 искуство, од интернет и мобилна телефонија, до телевизиски и стриминг услуги како Netflix, HBO Max и SkyShowtime е обединето, беспрекорно, достапно, и константно. Притоа корисниците да имаат можност за избор, промена и персонализирано “кроење” на услугите.
Затоа, не, не се плашиме од големи ветувања, напротив, „Чудесно засекогаш“ не значи совршенство, туку постојана амбиција како компанија да бидеме подобри, побрзи, попаметни и поблиску до реалните потреби на луѓето, нашата цел е да бидеме партнер на нашите корисници
Постојано ги следиме, потребите на корисниците, но уште поважно, ги предвидуваме нивните очекувања и начинот на кој комуницираат, работат и живеат.
Нашиот пристап ни овозможува не само да одговориме на денешните барања, туку и да бидеме подготвени за утрешните предизвици, Секогаш со корисникот во центар на се што правиме.
Капитал: Дигиталната трансформација е фраза што често се злоупотребува. Како вие ја дефинирате и како ја имплементиравте во компанијата, интерно и екстерно?
Мирчев: Дигиталната трансформација не е ниту апликација, ниту платформа, ниту еднократна активност.
Таа е фундаментална промена во начинот на кој организацијата создава вредност, преку податоци, процеси, но и интерна култура и лидерство.
Во нашата компанија, трансформацијата започна „одвнатре“. Инвестиравме во работната средина: од аналогни процедури преминавме на интегрирани, cloud-базирани системи за управување со ресурси. Воведовме алатки за колаборација, автоматизирана анализа на кориснички потреби и хибриден модел на работа. Сеуште инвестираме и настојуваме да ја доведеме трансформацијата во секојдневно работење но клучот, сепак е промена на менталитетот – затоа како компанија инвестираме во интерна култура и знаење на нашите вработени.
Верувам дека секоја компанија која го има луксузот да биде лидер во својата индустрија, го има и долгот да биде свесен општествен актер. Корпоративната одговорност денес не е само извештај , туку е вградена во ДНК-то на организацијата.
Кога инвестираме во култура, образование или дигитална етика, не правиме „донаторски активности“ туку учествуваме во градење на една поинклузивна, и емпатична заедница.
Затоа поддржуваме и партнери сме на манифестации како Охридско лето, не само затоа што тоа е културен симбол, туку затоа што културата е инфраструктурата на духот, исто како што телекомуникациите се инфраструктура на комуникацијата.
Во истата насока е и нашата платформа „Подобар Онлајн“ проект што придонесува кон создавање здрава, безбедна и свесна дигитална средина, особено за деца и родители. Онлајн просторот е новото јавно место, и токму затоа вложуваме во дигитална едукација, сајбер безбедност, етичка комуникација и критичко размислување.
Со повеќе од илјада вработени, луѓето се срцето на секоја трансформација. Затоа, имплементиравме континуирани програми за обука и професионален развој.
Во екстерен контекст, фокусот е на нашите корисници. Преку корисничко искуство базирано на податоци, персонализирани решенија и понуди, проактивен пристап кон решавање на потребите и барањата на корисниците, им овозможуваме заштеда на време и ресурси и одговор на сите нивни барања.
Капитал: Како А1 Македонија ги адресира специфичните потреби на деловните корисници во оваа брзо менлива дигитална средина? Која е вашата понуда за ИКТ решенија и како гарантирате доверливост и сајбер безбедност за вашите корпоративни клиенти?
Мирчев: Една од нашите стратешки цели на кои сме фокусирани е токму понудата за деловните корисници. Свесни сме дека како партнер на нашите бизнис корисници имаме обврска да обезбедиме сигурност, флексибилност и квалитет на нивните операции.
Затоа развиваме интегрирани ИКТ решенија, од cloud инфраструктури и управувани услуги, до SaaS платформи и IoT имплементации кои им помагаат на компаниите да бидат поефикасни, побрзи и поиновативни. Нашето портфолио ги вклучува и најсовремените решенија за сајбер безбедност со напредна заштита од закани, криптирање на податоци и 24/7 мониторинг преку партнерства со водечки глобални безбедносни провајдери.
Денес бизнисите се изложени на зголемени безбедносни ризици, а довербата е поважна од кога било. Затоа, позицијата на А1 како доверлив партнер ја градиме преку конзистентна услуга, стабилна и безбедна мрежа, брза реакција и длабоко разбирање на предизвиците на клиентите.
Нашата инвестициона стратегија останува насочена кон инфраструктурата, безбедноста и иновациите, затоа што секој деловен корисник заслужува технолошки партнер кој не само што го разбира бизнисот, туку и го предвидува неговиот идeн тек.
Капитал: Телекомуникациите се капитално-интензивен сектор. Каква е вашата инвестициона стратегија, особено со оглед на глобалната економска нестабилност?
Мирчев: Да, телекомуникацискиот сектор е капитално интензивен, со високи капитални трошоци и долгорочен поврат на инвестицијата. Тоа значи дека се потребни значајни вложувања и ресурси, додека резултатите од голем дел од активностите стануваат видливи дури по подолг временски период.
Ако ја гледаме иднината како хибридна, дигитална и поврзана, каде корисниците очекуваат не само услуга, туку врвно, интуитивно и секогаш достапно искуство целта е јасна, а тоа е создавање на екосистем што ги обединува технологијата, иновацијата и човекот. Тоа значи инвестирање во платформи што интегрираат услуги во реално време и учат од корисничкото однесување. Компаниите што ќе успеат се оние што ќе ја стават корисничката вредност во срцето на секоја трансформација, градејќи доверба преку транспарентност, брзина и релевантност. Во ваква иднина, технологијата не е цел сама по себе, туку средство за создавање значајни врски и одржлив раст, за нас во А1 тоа е императив.
Капитал: Каква е улогата на А1 Македонија во општеството надвор од рамките на технологијата и бизнисот конкретно, како ја разбирате општествената одговорност? Зошто инвестирате во културата, како на пример поддршката на Охридско лето, едукативни платформи и евентуални нови партнерства?
Мирчев: Верувам дека секоја компанија која го има луксузот да биде лидер во својата индустрија, го има и долгот да биде свесен општествен актер. Корпоративната одговорност денес не е само извештај , туку е вградена во ДНК-то на организацијата.
Кога инвестираме во култура, образование или дигитална етика, не правиме „донаторски активности“ туку учествуваме во градење на една поинклузивна, и емпатична заедница.
Затоа поддржуваме и партнери сме на манифестации како Охридско лето, не само затоа што тоа е културен симбол, туку затоа што културата е инфраструктурата на духот, исто како што телекомуникациите се инфраструктура на комуникацијата.
Во истата насока е и нашата платформа „Подобар Онлајн“ проект што придонесува кон создавање здрава, безбедна и свесна дигитална средина, особено за деца и родители. Онлајн просторот е новото јавно место, и токму затоа вложуваме во дигитална едукација, сајбер безбедност, етичка комуникација и критичко размислување.
Преку обуки, видео содржини, партнерства со невладини организации и вклучување на образовниот сектор, „Подобар Онлајн“ не е само кампања, туку долгорочна платформа за дигитална писменост.
Работиме на стратешко партнерство со Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, каде што сакаме да донесеме не само технолошка поддршка туку и да придонесеме кон ново искуство за публиката.
На крајот, како компанија не се мериме само според добивката или според пазарниот удел, туку според вредноста што ја оставаме зад нас. Кај нас, корпоративната одговорност не претставува активност на секторот за односи со јавност, туку стратешка определба донесена на ниво на Бордот на компанијата.




















