Microsoft го купува LinkedIn за 26.2 милијарди долари во кеш
Објавено на од во hi-tech & business

Microsoft ја купува професионалната мрежа со повеќе од 433 милиони корисници – LinkedIn за 26.2 милијарди долари во кеш, односно 196 долари по акција, објавија денеска од Microsoft.

Со оваа аквизиција, соопштуваат од компаниите, LinkedIn го задржува својот бренд и продукт, а станува дел од сегментот на продуктивност и бизнис процес на Microsoft. Ова значи дека сега извршниот директор на LinkedIn, Џеф Вајнер ќе му одговара на извршниот директор на Microsoft, Сатиа Надела.

Аквизицијата се смета за голем чекор за двете компании.

За Microsoft ова преставува пополнување на парчето што недостасуваше во стратегијата на компанијата да се изгради како сервис за компаниите. За LinkedIn пак со ова преземање се става во мирување прашањето како компанијата ќе успее да се натпреварува со компаниите кои градат софтвери на нивните социјалните мрежи кои ќе станеа силна конкуренција на LinkedIn доколку оваа аквизиција не се случеше.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×