Microsoft го претстави „сѐ во едно“ компјутерот, Surface Studio
Објавено на од во hi-tech & business

По повеќе месеци гласини околу „сѐ во едно“ (All-In-One) компјутерот на Microsoft, гигантот од Редмонд вчера го претстави својот прв ваков компјутер од серијата Surface, под името Surface Studio.

Не се исполнија најавите дека Microsoft ќе претстави три различни модели, и засега има еден, 28-инчен (21 и 14-инчните се одложени).

Microsoft на претставувањето истакна дека Surface Studio има најтенок LCD монитор во светот, со дебелина од само 12,5 милиметри. Екранот е чувствителен на допир со резолуција од 4.500 x 3.000 пиксели.

Со оглед на желбите и куповните можности на корисниците, компјутерот може да биде опремен со 8, 16 или 32 GB RAM, со процесорите на Intel, Core i5 или i7, од Skylake серијата, и со хибридни дискови со капацитет од 1 или 2 TB. Кога е графиката во прашање, Microsoft се одлучил за картички на Nvidia – GeForce GTX 965M (2 GB GDDR5) и GeForce GTX 980M (4 GB GDDR5).

Компјутерот има интересен, минималистички дизајн, а неговиот екран, благодарение на посебните држачи на мониторот, може да се спушти целосно, со што се добива плоха погодна за цртање со дигитално пенкало.

Цената на Surface Studio, очекувано според спецификациите, не е минималистичка, па се движи од 2.999 до 4.199 долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×